Инфо
My twitter account
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
M.Sci. in archaeology
& professional tourist guide

e-mail: info@arheo.com.mk

Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
My pages and blogs
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија
Join to my ARHEO Network
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски

PostHeaderIcon Кого ангажирате да се грижи за вашиот бренд на социјалните медиуми?

Идејата за написот потекна од истоимениот пост на блогот Комуникации, нo oвој текст многу малку има допирни точки со нивното образложување, а повеќе ги допира институциите кои се занимаваат со културата во Република Македонија.

Ми се случи пред извесно време да ја ставам фотографијата вгнездена подолу во постот, на мојот профил на фејсбук и да ги тагнам Музеј на град Скопје, институција кадешто е оваа фотографија направена. Целта ми беше на некој начин со тагнувањето да го промовирам нивниот фејсбук профил, бидејќи тие немаат свој веб сајт, а со оглед на активностите би требало не само да го да го имаат, ами постојано да го ажурираат. Tагот од фотографија беше отстранет, а самата фотографија избришана од нивниот профил, кој патем според правилата на фб треба да биде страница (page) зошто профили можат да имаат само поединци (физички лица), но не институции или компании. Им напишав во порака дека не требало да го сторат тоа, бидејќи на овој начин им правам бесплатен маркетинг, но по преписката ми стана јасно дека персоната која во тој момент се грижеше за нивниот фејсбук профил има сосема мали познавања како функционираат социјалните мрежи и како треба да се води PR на една институција од областа на културата на интернет.

Денеска не постои институција од областа на културата во светот која нема свој веб сајт, честопати пропратен со сопствен интерактивен блог, како и сметки на фејсбук и твитер кои се постојано освежувани, депо за архиви на написи и сопствено депо на некоја социјална мрежа за фотографии. На овие места се посочува дека особено треба да се обрне внимание на сите типови информации, за да луѓето пронајдат настан организиран од дотичната институција кој се случува блиску до нивното место на живеење, а потоа на било каков начин партиципираат во неговата реализација. За да ја постигнат оваа цел, најчесто се ангажираат професионалци (поединци или цели тимови) чија задача е да го пратат темпото на институцијата во аналогниот, и да го прилагодат на дигиталниот свет.

Секој посетител кој просурфал сајт на институција од областа на културното наследство во Македонија, до сега повеќе информации за нашите артефакти добил од Енциклопедијата Британика, од Британскиот музеј и најсетне, од Википедија, наместо од домашните институции кои се бават со културно наследство. Веб сајтовите на институциите од областа на културата во Македонија (со чест на неколку исклучоци), наместо динамична репликација за својата работа во дигиталниот свет, доста долго претставуваа место каде еднашка одамна се ставени информации кои со години не се освежуваат. Се случувало сајтовите да се паднати, хакнати или недостапни како што е чест случај со сајтот на Музејот на Македонија. Далеку од тоа дека сакам да навредам некоја од институциите кои покрај другото, имаат и едукативна функција. Но со ваквата активност, институциите од областа на културата навистина ги навредуваат оние љубители на културното наследство за кои интернетот, веб страниците и социјалните медиуми се единствен извор на информации.

Не можам да си споменам македонска институција од областа на културното наследство дека некогаш ангажирала тим за да се грижи за нивниот бренд на социјалните медиуми. Обично тоа го прават некои од вработените кои имаат афинитет кон овие работи. Но овие институции со текот на времето ја изгубија битката со посетителите во 2.0 светот. Факт е дека музеите во Македонија активно го користат фб за креирање и споделување на одредени настани затоа што не чини дополнителни пари и човечки ресурси, туку само време, но во моментите кога преку фб и твитер се прават револуции во буквална смисла на зборот, само Музејот на град Виница има сметка на твитер која е постојано активна. Ќе биде многу тешко овие институции да ја повратат довербата на посетителите во нив, а тоа може да се случи само ако посветат доволно внимание на потребите на својата публика. Малку подобра организација и по user friendly сајтови на локалните музеи низ градовите би придонеле за подобра интеракција помеѓу самата институција и граѓаните кои се желни да дознаат нешто повеќе за сопственото културно наследство. Ако се иземам како професионалец кој на поинаков пат е запознаен со работата на овие институции, помеѓу овие граѓани спаѓам и јас самата! :)

Bookmark and Share

PostHeaderIcon БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ

Организатор и домаќинДимитровска Василка
Тип: Полудневна тура низ Скопје
Датум: Недела, Мај 13, 2012
Време и Локација: наведени на ваучерот
Град: Скопје, Македонија
Местo за подигнување на ваучерите:  eXperience cafe (Плоштад Македонија, Скопје)

Пред Чифте Амам
фотографијата е сопственост на ©Томе Маневски

Во недела на 13.05.2012 за сите заинтересирани граѓани организирам бесплатен разглед на градот Скопје со посета на културно-историските споменици од Отоманскиот период. На крајот од пешачкиот разглед ќе следи дегустација на чаеви од LaSoy Aromatherapy Shop во кафулето Beni’s YellowSubmarine (Безистен), во стариот дел од градот, во пријатна атмосвера збогатена со музичка програма во амбиентот на самата тура.

Ваучери: Во согласност со Законот за туристичка дејност, бројот на посетители во оваа тура е ограничен, а сите заинтересирани можат да подигнат ваучер за присуство во eXperience cafe на Плоштадот Македонија во Скопје. На ваучерот ќе бидат наведени времето и местото на поаѓање на овој бесплатен разглед низ Отоманското наследство на Скопје. Една персона може да подигне најмногу до 2 ваучера.

Со ваучерите доколку оставите ваш контакт (телефон, мејл), следи и бесплатно предавање од Синергија Плус, агенција за финансиска писменост во Македонија, која е исто така еден од спонзорите на овој разглед.

На платото пред Куршумли Ан каде објаснувам
за Скопското кулие

Споменици вклучени во турата: стар дел од градот (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија, Отоманскиот период на Скопско Кале, Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија.

Ова се традиционални тури (клик тука за резиме) кои од 2006 година ги организирам за сите пријатели од реалниот и виртуалниот свет. Ова најмногу се должи на мојата почит кон културното наследство, љубовта кон мојот роден град Скопје и секако на некој начин тоа е мој поклон до сите оние луѓе кои ме читаат, ми пишуваат и ме поддржуват на интернет сите овие години. Се надевам дека сте заинтересирани и се гледаме на едно убаво дружење.

Настанот со своја страница на фејсбук

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Публикации: Петролошка, морфолошка и функционална анализа на мазнетите и абразивните орудија од Руг Баир

Кон средината на април во списанието Geologica Macedonica (Vol. 25, No. 1, pp. 37–52), излезе мојот научен труд за ”Петролошката, морфолошката и функционалната анализа на мазнетите и абразивните орудија од Руг Баир”, во соработка со проф. д-р. Блажо Боев. За прв пат во македонската археологија во една научна студија се посветува внимание на камените алатки кои се игнорирани од голем број на археолози што од брзање и непросејување на археолошкиот материјал, а најмногу поради нивно неп(пре)познавање како недостаток на едукација.

Траги на употреба кај тесла од серпентинит (локалитет Руг Баир)
зголемување под микроскоп х40

Во трудот се презентирани резултатите од анализата на мазнетите (eng. ground stone) и абразивни (eng. abrasive) камените орудија откриени за време на ископувањето на неолитскиот локалитет Руг Баир (с. Горобинци, Свети Николе) во 1970-та година, кои денеска се чуваат во Музејот и Заводот за заштита на град Штип. Преку обработката на овие камени артефакти, се обидов да направам детаљна слика за суровинскиот материјал, вклучувајќи ги неговите петролошки, морфолошки и функционални карактеристики. На крајот ги сумирав сите атрибути на една неолитска камена збирка и ги компарирав со истовремените камени индустрии на Балканот.

Petrologic, morphologic and functional analysеs of ground and abrasive stone tools fromRug Bair, Ovče Pole …

Овој научен труд е дел од мојата магистерска теза одбранета на Универзитетот во Белград во Мај. 2011 година. Горда сум бидејќи успеав да виделина да изнесам непубликуван материјал закопан во едно музејско депо какви што ги има на тони кај нас, а најмногу се радувам дека е тоа материјал од Македонија, со што ставаме уште една важна точка за археологијата од нашата земја на светската научна мапа.

Имам прилика јавно да им се заблагодарам на колегите од Музеј на град Штип кои ми дадоа дозвола да го обработам камениот материјал од ископувањата на археолошкиот локалитет Руг Баир. Исто така се заблагодарувам на мојот ментор проф. д-р. Душан Михаиловиќ (Универзитет во Белград), како и на Драгана Антоновиќ (Археолошки институт, Белград) и Елка Анастасова (Археолошки институт, Софија) за сите дискусии и помошта која ми ја пружија при создавањето на овој труд. Посебна благодарност упатувам до мојот сегашен ментор за докторатот проф. д-р. Блажо Боев, кој ја направи петролошката детерминација на камениот материјал, како и на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот во Штип кои ми излегоа во пресрет за сите лабараториски анализи.

Референца/Reference: Dimitrovska V., Boev, B. 2012. Petrologic, Morphologic and Functional Analysis of Ground and Abrasive Stone Tools from Rug Bair, Ovče Pole Valley. Geologica Macedonica. Vol. 25. No. 1 (2011): 37-52. Štip.

Клучни зборови: Neolithic, Rug Bair, Amzabegovo-vršnik, Macedonia, row materials, ground, polished, abrasive, tools, Vasilka Dimitrovska, неолит, Руг Баир, Амзабегово-вршник, Македонија, суровини, мазнети, абразивни, камени, алатки, Василка Димитровска.

Bookmark and Share
За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Напомена
Текстовите на сајтот не се лекторирани

Пребарувај по сајтот
Tags

Agatha Christie archaeology Badnik book dnevnik history Kokino Macedonia MAND mystery observatory Ottoman heritage prehostory rock Vasilka Dimitrovska Агата Кристи Археологија Бадник Божиќ Василка Димитровска Интернет Исус Христос Кокино МАНД Македонија Скопје Скопје архитектура дневник етнологија историја карпа книга коледари коледе културно наследство мистерија обичај обсерваторија паричка погача политика праисторија традиција уметност Cпонзорирано (13)
Агата Кристи и археологијата (5)
Администрација (61)
Аквадуктот во Скопје (серијал) (13)
Антропологија (173)
Апели (19)
Артизани (17)
Архео TV 2.0 (42)
Археологија (658)
Архитектура (188)
Барок (1)
Блогосфера (36)
Бронзено време (14)
Византија (21)
Документарни филмови (24)
Доцна антика (14)
Енеолит (14)
Етно-археологија (98)
Етнологија (35)
Железно време (2)
Изложба (27)
Интернет (117)
Историја (169)
Книги и литература (86)
Конференција, симпозиум (43)
Културно наследство (138)
Лично (105)
Медиуми (114)
Мезолит (14)
Настани (75)
Неолит (39)
Нумизматика (6)
Општество (137)
Отомански период (21)
Палеоантропологија (34)
Палеолит (43)
Политика (152)
Предавање (29)
Придонеси на Википедија (23)
Рана антика (16)
Рано христијанство (1)
Религија (21)
Ренесанса (6)
Римско време (28)
Рококо (1)
Скопје (67)
Спелеологија (7)
Среден век (12)
Стипендии (6)
Тајната книга (серијал) (11)
Тотална станица (5)
Туризам (112)
Уметност (124)
Филм (2)
Хералдика (16)
English (24)
Musica ethnica (4)
My 3.0 music box (12)
WWWести (38)

WP Cumulus Flash tag cloud by Roy Tanck requires Flash Player 9 or better.

Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Порта археологика



Календар
May 2012
M T W T F S S
« Apr    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  
Музеј Теракота – Виница
Археолошки локалитети
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes