Дома Интерпретација Снимање на документарна програма за Скопје во продукција на МТВ1

Снимање на документарна програма за Скопје во продукција на МТВ1

107 views
0

Изминатиот период снимав документарна програма во продукција на МТВ1 (Македонска телевизија) базирана на моите гамифицирани искуства кој ги создадов во рамките на мојата интерпретациска едукативна програма Storytelling Skopje (Скопје раскажува). Две од овие искуства насловени како ,,Љубовните приказни на Скопје” и “Палатите на старо Скопје” се случуваат околу централното градско подрачје и се особено атрактивни за учесниците.

Овие игрифицирани искуства не се само едукативни, туку се прилично забавни ако се земе предвид интензивниот формат на активно учество од страна на присутните, како и длабоките спомени коишто ќе ги понесат како искуство од прва рака за време на настаните коишто ги организирам.

Се радувам што медиумите се заинтересирани за искуствата кои ги создавам а кои како основа го имаат наследството на Скопје. Наскоро и поединечно за објектите но и во комбиниран формат ќе може да се погледнат на програмата на македонската телевизија.