Млади европски креатори на наследство е конкурс за деца и млади луѓе за поттикнување на истражување и откривање на нивното наследство, како и за креативно изразување поврзано со него!
Децата се иднината на заштитата и промоцијата на наследството и сите сакаме да дознаеме како тие го разбираат природното и културното наследство, како ги одбираат и истакнуваат своите творби, и како идните креатори на наследство се поврзуваат едни со други. За да го сторат тоа на младите им е потребен ментор кој ќе ги води низ процесот. По учеството во активностите и менторството, групите на млади луѓе можат да учествуваат во конкурсот преку креирање видео или визуелизација што ја прикажува нивната интерпретација и артикулација на културното наследство што е важно за нив.
Организација: ХАЕМУС Логистичка поддршка: Здружение на просветни работници на град Скопје Предавач: м-р Василка Димитровска Гостин: д-р Ирена Ружин Датум: 07.12.2022 Време 18-19:30 часот Место: Online на Google meet Котизација: 900 денари Последен рок за уплата: 05.12.2022 |
На овој конкурс може да учествуваат сите млади луѓе во Македонија кои се заинтересирани за природното или културното наследство што ги опкружува, поделени во групи на возраст од 6-11 години и од 11-17 години. Конкурсот е организиран од Европските денови на наследството, најголемото обележување на културните настани во Европа – и ќе кулминира со специјална изложба на Советот на Европа во Стразбур. Тоа е истата манифестација на која со ХАЕМУС ја добивме наградата за најдобра европска приказна во 2020 година за проектот „Денот на Баба Марта“ и благодарение на финансискиот грант од Советот на Европа и Европската комисија успеавме да создадеме цела палета на креативни алатки за Обичајот Мартинки, нематеријално наследство впишано на светската репрезентативна листата на УНЕСКО чијшто правен носител за Македонија е ХАЕМУС.