Со оглед на тоа што се имам специјализирано за развој на тематски тури и итинерари кои се базираат врз ресурсите на природното и културното наследство и кои во себе ги вклучуваат техниките на интерпретацијата, имам осмислено практични работилници во кои пораките и приказните им помагаат на сите учесници да креираат нови производи.
Покрај овие работилници, стојам на располагање и за други теми кои се слични како: интерпретациско наследство, алтернативно туристичко водење, тематски туристички производи и креативен туризам.
Последните години се фокусирам на специјализирани тематски водичи кои опфаќаат одедена област од културното наследство и кои се веќе пуббликувани. Помеѓу нив спаѓаат: Водич низ византиското наследство на Скопје и Водич низ модерната архитектура на Скопје.
ВОДИЧ ЗА МОИТЕ УСЛУГИ ЗА КУЛТУРЕН ТУРИЗАМ
Обезбедувам голем опсег на услуги од областа на културно наследство и креативниот туризам, помеѓу кои спаѓаат :
ТУРИСТИЧКО ВОДЕЊЕ НА:
• Тури
• Екскурзии
• Тематски итинерари
ИСТРАЖУВАЊЕ:
• За локалитети, споменици и музејски збирки
• За фолклорот и традицијата
• За историски документи
КОНСУЛТАЦИЈА
• Експертски совети во културниот туризам
• Студии за културно наследство
• Обезбедување дела (фотографии, видеа, цртежи…)
ОБРАЗОВАНИЕ
• Предавања
• Работилници
• Семинари
• Конференции
ПУБЛИКАЦИИ
• Книги
• Списанија
• Брошури
• Каталози
ПРОМОЦИЈА
• Изложби
• Настани
• Перформанси
• Инсталации
Мојата лиценца за професионален туристички водич
Како изгледa официјална легитимација за туристички водич
Покрај тоа што сум професионален археолог и менаџер на културно наследство, врз основа на член 41 од Законот за туристичка дејност “Службен весник на Р. Македонија”, бр. 62/2004 по полагањето на стручен испит (вкупно седум испити), Факултетот за туризам и угостителство – Охрид ми издаде уверение за туристички водич. Со тоа се здобив со право за вршење на дејноста да водам индивидуалци, помали или поголеми групи притоа објаснувајќи им за природните и културните убавини на Македонија. Лиценцата за туристички водич се докажува со легитимација, која би требало да биде видлива за сите додека се води турата.
Според овој закон како туристички водич имам право на домашните и странските посетители во Република Македонија да им ги презентирам природните и антропогените туристички атрактивности, историјата на земјата и културно-историските споменици, уметнички дела, етнографски и други атрактивности, историски настани, легенди и личности за тие настани, општественото уредување на земјата за што секако се потребни и комуникативни способности, потоа општи познавања од туризмот и психологијата на туризмот и да го познавам јазикот кој го користат странските туристи. Во моментов покрај балканските јазици од јужнословенската група (бугарски, српски, хрватски и словенечки) сродни на македонскиот јазик, активно говорам англиски, француски и грчки јазик.
Член сум на Здружението на Туристички водичи на Република Македонија и до сега активно или пасивно сум учествувала или сум била дел од многу проекти во областа на туризмот, посебно оние кои ги вклучуваат културно-историските споменици и археолошките локалитети на територијата на Република Македонија.
Некои од моите проекти и текстови за културен туризам
Минатата година со ХАЕМУС го спроведовме проектот „Интерпретација на гастрономијата како локален идентитет“, поддржан од програмата i-Portunus и финансиран од Европската Унија. Во рамките...
Пред неколку години работејќи на проектот за „Водич низ византиските цркви во Скопје“, којшто во 2019 година излезе како посебно издание на ХАЕМУС, се...
Еден убав и невообичаено топол ноемвриски ден, се упативме во срцето на Малешевијата, или како што најчесто ја нарекуваме „нашата мала Швајцарија“. А таму...
Горда сум што создадов активност како што е „Ловот на богатство на Скопје“, којашто е всушност печашка тура низ градот збогатена со интерпретациска едукација...