Home Антропологија Моето интервју за SBS – националната австралиска радио-телевизија

Моето интервју за SBS – националната австралиска радио-телевизија

2,906 views
0

Изминатиот период дадов големо интервју за SBS Australia, национална радио-телевизија на Австралија. Интервјуто во кое говорам за работата на ХАЕМУС, но и за работата на ХАЕМУС Травел е поделено на 3 подкаста кои во изминатиот месец одеа последователно секоја недела на филијалата SBS Macedonian и нивните социјални вмрежувања. Упатувам голема благодарност до новинарката Маја Б. Талевска за честа и задвоволството да ја претставиме Македонија и потенцијалите на нашето богато културно наследство низ призмата на нашите проекти.

Како и македонските “Мартинки” станаа светско културно наследство на УНЕСКО? 

Малите белегзии наречени “Мартинки”, што се плетат од бел и црвен конец како дел од македонската културна традиција поврзана со 1 март и почетокот на пролета, во 2017 година беа вброени на листата нематеријално културно наследство на УНЕСКО. За овој импресивен успех, заслужна е македонската граѓанска организација “ХАЕМУС”, којашто беше еден од носителите на групната апликација, заедно со нивните партнери од Молдавија, Романија и Бугарија. За значењето на ова живо, културно наследство, што датира на балканските простори уште од антиката, зборуваме со основачката и директорката на “ХАЕМУС”, археологот и историчарката на уметност, Василка Димитровска. (линк)

“Scupini Romani”: Историска реконструкција на македонското, културно наследство од времето на римскиот период

Прославата на Новата година е само еден од многуте традиции и обичаи што датираат од времето на античкиот римски период и коишто до денес се зачувани преку Христијанството, вели македонскиот археолог и директорка на невладината организација “Хаемус”, Василка Димитровска. Еден од проектите на оваа организација, посветена на научно истражување и промоција на македонското, културно наследство е “Scupini Romani”. Користејќи костими, реквизити и предмети инспирирани од времето на Римскиот период, “Хаемус”, историски го реконструира начинот на којшто во времето на Римската Империја живееле луѓето на територијата на денешна Република Македонија. (линк).

Дестинација Македонија: Древниот археолошки локалитет Кокино привлекува најмногу внимание помеѓу странските туристи

Кокино, кој датира од 1800 година п.н.е. претставува археолошки локалитет и праисториска опсерваторија. Тој се вбројува помеѓу петте најстари вакви локации во светот кои обединуваат на едно место археолошки локалитет и астрономска обсерваторија. Ова неверојатно место привлекува големо внимание помеѓу туристите кои ја посетуваат Македонија. Оваа туристичка атракција е само еден мал сегмент од македонското културно наследство, кое опфаќа артефакти и остатоци од различни историски периоди, почнувајќи од праисторијата, преку античкиот и римскиот период, до Византиски и Отомански период. Сепак, само околу 2% од македонското културно наследство е искористено во туристичката промоција на земјата, вели Василка Димитровска, археолог кој 20 години води туристи низ цела Македонија. (линк)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here