Home Едукација Кога моето менторство ќе се претвори во Европска награда за млади креатори...

Кога моето менторство ќе се претвори во Европска награда за млади креатори на наследството

1,747 views
0
Објави во македонските медиуми за наградата

Во декември минатата година со ХАЕМУС одржав обука за менторство за конкурсот на „Млади европски креатори на наследството“. На обуката присуствуваа многу заинтересирани педагози, пред сѐ наставници во основните и средните училишта од Македонија. Помеѓу нив беше и наставничката Тања Стојановска Петков од ООУ „Св. КЛимент Охридски“, Драчево, Скопје.

Таа подоцна го изработи и аплицираше на овој конкурс со проектот „Македонска традиција“, заедно со нејзните мали, но вредни ученици. Интересно е да се спомене дека ова училиште е основано е 1924 година и во него некојпат имало „Музеј на стари работи“ со предмети кои и денес постојат во училиштето, а се користат за повеќе активности.

Многу сум горда поради тоа што моето менторирање европски проекти ги одведе наставничката Тања Стојановска Петков од ООУ „Св. Климент Охридски“(Драчево, Скопје) и нејзините ученици од II1 одделение до наградата за најдобри „Европски млади креатори на наследство“ за проектот „Македонска традиција“. Се радувам што сум мал дел од овој голем успех во кој интерпретацијата на наследството се вреднува на европско ниво.

Проектот ја прикажува изработката на кукли од дрвена лажица, метла и слама со користење на разни ткаенини, парчиња платно и волница и процесот пред и по нивното настанување, со цел да се прикажат македонските девојчиња и момчиња во минатото. Целиот проект може да се погледне тука -> https://bit.ly/3XwG8Gb

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here