Дома Интерпретација Интерпретациски работилници во рамки на „Фестивалот за раскажување на приказни“ 2023

Интерпретациски работилници во рамки на „Фестивалот за раскажување на приказни“ 2023

270 views
0

Изминатиот период се здружив со драгите пријатели од издавачката куќа „Сказнувалка“. Мојата едукативна интерпретациска програма Storytelling Skopje беше дел од тридневниот меѓународен симпозум за раскажување на приказни, како една од активностите во нивниот партнерски проект насловен „Да ти ја раскажам мојата приказна. Протек на европски книжевни дела за млади“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“.

Во рамките на овој симпозизм одржав две интерактивни работилници, една за возрасни, а втората за деца, обете базирани врз моите лични авторски проекти кои се под закрила на мојата програма за интерпретација на наследството Storytelling Skopje.

На 17.06.2023 одржав работилница за тоа како ги создадов „Љубовните приказни на Скопје – моќта на чувствата“ – интерактивно гамифицирано едукативно социјално искуство кое се потпира врз моите научни истражувања, историски факти но и врз многу интервјуа со мештаните на Скопје.

На 18.06.2023 за деца до 12 години ја одржав мојата „Митска авантура – Скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш“ – интерактивно гамифицирано едукативно социјално искуство кое е резултат од нашето нематеријално наследство во форма на легенди, преданија и обичаи кои се преплетени со македонската митологија.

Голема благодарност до Искра Димковска од ,,Сказнувалка” и нејзиниот тим за оваа прекрасна можност.