web analytics

[vc_row][vc_column][vc_text_separator title=”ДЕНОТ НА БАБА МАРТА – НАЈДОБРА ЕВРОПСКА ПРИКАЗНА ЗА 2020″ i_color=”violet” color=”violet” add_icon=”true”][vc_column_text]

Нашата приказна за „Денот на Баба Марта“ беше избрана меѓу 10-те најдобри приказни за Европското наследство за 2020 година, по повикот за приказни кој беше распишан во рамките на „Деновите на европското наследство“.

Приказната за европското наследство е заедничка иницијатива на Советот на Европа и Европската комисија од 1999 година и претставува продолжение на годишната манифестација „Денови на европското наследство“. Повеќе информации тука.

Официјална веб страница на проектот на ХАЕМУС за Обичајот „Мартинки“: www.martinki.haemus.org.mk

Проектот за „Денот на Баба Марта“ како еден од грантираните проекти од Советот на Европа и Европската комисија во рамките на „Приказните за деновите на европското наследство 2020“, беше организиран и реализиран од страна на ХАЕМУС- Центар за научно истражување и промоција на културата помеѓу 16.09.2020-31.03.2021 година, вклучувајќи го и менаџментот и организацијата на 8-мата манифестација посветена на обичајот „Мартинки“ кој секако е поврзан со „Денот на Баба Марта“.

Публикации

Во рамките на проектот, создадовме и објавивме четири визуелни едукативни брошури за деца на македонски, албански, англиски и турски јазик, боенка за деца на македонски и англиски јазик, како и едукативно видео кое содржи соодветна нарација на македонски јазик прилагодена за деца со соодветен превод на англиски, турски и албански јазик.


 

Објави во медиумите

Од моментот кога ХАЕМУС ја доби наградата за една од најдобрите европски приказни, проектот беше добро покриен во македонските медиуми, вклучувајќи ги и националната Македонска телевизија и ТВ Телма. Отворањето на настанот беше покриено со специјална медиумска репортажа од Македонската Информативна Агенција (Mia.mk), така што повеќето релевантни ТВ -станици, новинари, весници и интернет-портали ја пренесоа веста. Општо земено, ние бевме презадоволни од медиумското покривање на целиот проект „Денот на Баба Марта“ од страна на македонските медиуми, а во 2021 година објавите го вклучија и овој дел од приказната.

Манифестацијата “Денот на Баба Марта” (26.02-01.03.2021)

Нашите мартинки за настанот во 2021

Следејќи ги сите официјални препораки во Македонија за организирање на настан за време на пандемија, нашата традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2021- подарете мартинки за здравје, среќа и љубов“ се случи по осми пат по ред и беше отворена за јавноста од 26.02-01.03.2021 година помеѓу 12-18 ч. на првиот кат од Капитол мол. Имајќи ја предвид фреквенцијата на посетителите од претходните манифестации, настанот се реализираше во мал обем и со соодветен протокол, почитувајќи ги препорачаните мерки за заштита за време на пандемија. Настанот се состоеше од неколку компоненти: изложба на оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија во сопственост на ХАЕМУС, изложба на едукативни панели, галерија за ракотворби и промоција на креативни брошури и боенки за деца како резултат на овој проект.

Беа создадени беџови со мартинки на 4 јазика, повот „Денот на Баба Марта 2021“ (дизајн Зоран Кардула)

Како директни продукти на овој проект, во рамките на манифестацијата беа промовирани четири илустрирани читанки за деца за Обичајот „Мартинки“, на македонски, англиски, албански и турски јазик, како и две боенки за деца на македонски и англиски јазик. Со тимот на ХАЕМУС за да ги промовиравме дополнително овие публикации создадовме, испечативме во боја и ламиниравме на 16 различни типови мартинки (4 различни типови на 4 јазици: македонски, англиски, турски и албански), на начин за да можат соодветно се вклопат со содржината на едукативната читанка. Нешто подоцна, одлучивме дека заедно со брошурата, секое дете ќе добие и бесплатна мартинка според желба и според типот и јазикот.

Настанот беше целосно организиран од тимот на ХАЕМУС, почнувајќи од самиот менаџмент, комуникација со медиумите, комуникација со јавноста на социјалните мрежи, изработка на мартинки од страна на ракотворци, како и директна интеракција со посетителите на настанот. За време на настанот, беше направена фото и видео документација. Некои од фотографиите и видеата се вклучени во едукативниот документарен филм за обичајот „Мартинки“, кој е исто така еден од финалните производи на овој проект. Традиционалната манифестација „Денот на Баба Марта 2021 година“ беше направена со дополнителна логистичка поддршка од Град Скопје и самиот Капитол мол, под мотото на Отворени образовни ресурси на УНЕСКО, бидејќи повеќето од креираните едукативни материјали се споделуваат бесплатно на интернет преку социјалните сметки на ХАЕМУС и на веб страница посветена на обичајот. Информациите за настанот се бидат достапни за пошироката јавност преку официјалната веб страница www.martinki.haemus.org.mk.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

error: СОДРЖИНАТА Е ЗАШТИТЕНА !!