Дома Археологија Растенијата од мозаикот на Големата базилика во Хераклеја Линкестис

Растенијата од мозаикот на Големата базилика во Хераклеја Линкестис

480 views
0

Хераклеја Линкестис спаѓа помеѓу најпознатите македонски археолошки локалитети. Лоциран е во непосредна близина на Битола, а се смета дека основањето на некогашниот главен град на Линкестида, област во Горна Македонија, започнало во времето на Филип II. Урбаниот лик на градот и неговиот развој поминале низ етапите на хеленистичкиот, римскиот и ранохристијанскиот период, а од доцноримскиот период во наследство ни останале подните мозаици на градбите кои пленат со убавина.

Еден од нив е и мозаикот од нартексот на Големата базилика во Хераклеја, кој зафаќа површина од преку 100 м2 и се вбројува во врвните дела на античката уметност. Тој е во форма на правоаголник со бордура и содржи три елементи: небото, земјата и водата. Се работи за познат модел на симболичен приказ на космосот каде небесниот свет е во центарот, околунего концентрично се развива земјата а водниот свет ја врамува целата композиција.

Она што мене ме фасцинира покрај плејадата на животни е растителниот свет претставен во овој мозаик. Природното и културното наследство се поврзани на исклучителни начини, па така на многу едноставен начин дознаваме за типовите на растенија од минато а преку нив за распространувањето, врските со тогашниот антички свет и најсетне се разбира и за нивната практична употреба. На фотографиите е мој избор од некои растенија од мозаикот на Големата базилика во Хераклеја. Галеријата може да се погледне на мојот Инстаграм профил

📷 1 и 10 – детал од мозаикот и целиот мозаик
📷 2 – детал кој прикажува смоква
📷 3 – детал кој прикажува крушка
📷 4 – детал кој прикажува калинка
📷 5 – детал кој прикажува грозд
📷 6 – детал кој прикажува јаболко
📷 7 – детал кој прикажува можеби костен?!
📷 8 – детал кој прикажува цреша
📷 9 – детал кој прикажува акантус

Се надевам дека ве инспирирав кога ќе појдете на следното ваше патување во Битола, обавезно да ја посетите Хераклеја Линкестис и да си изберете ваше омилено овошје од некои од мозаиците. 🙂

📷 1-9 Helen Miles; 10 Музеј и Завод Битола

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име