На официјалната страница на МАНД вчера беше објавен повик за учество на редовниот XXI Симпозиум кој годинава ќе се одржи во Струмица, во хотел Цар Самуил, бања Банско, во месец октомври. Рокот за поднесување на темите е до 30.06.2010 година, па како и на изминатите симпозиуми, и годинава планирам да се пријавам најмалку со две презентации и да дадам предлог за работилница во која би се зборувало околу ‘Примената на новите медиуми во културното наследство’. Иако се’ уште не знам како тоа ќе биде прифатено и дали ќе ми направат опструкција, како што тоа вообичаено знаат некои од моите колеги мошне умешно да го менаџираат.
Овој пат се надевам дека ќе има поголемо присуство на печатените и електронските медиуми, а јас ќе се обидам за прв пат да ги пренесувам впечатоците online преку моите сајтови, блогови и сметки на социјалните мрежи. Воедно, овој пост е отворена покана за сите медиуми кои би сакале да знаат што се случувало со македонската археологија во изминатите 2 години, а немале можност тоа да го дознаат на поинаков начин.
Линк: XXI Симпозиум на МАНД
Поврзани текстови:
МАНД 2006
Археоблог дел од престојниот XX редовен симпозиум на Македонското Археолошко Научно Друштво
Археолошки впечатоци од 20 симпозиум на МАНД
[…] XXI симпозиум на МАНД треба да се одржи есенва во хотелот Цар Самоил, во […]
[…] утре, па во следните три дена започнува XXI симпозиум на МАНД кој ќе се одржува во хотелот Цар Самоил, во Банско. На […]
[…] утре, па во следните три дена започнува XXI симпозиум на МАНД кој ќе се одржува во хотелот Цар Самоил, во Банско. На […]