Дома Археологија Изјавата од мојот сајт за тужбата со издавачката куќа Нампрес, осамна во...

Изјавата од мојот сајт за тужбата со издавачката куќа Нампрес, осамна во медиумите

3,240 views
1

Пред една недела напишав дека со помош на мојот адвокат м-р. Бангиевски Владимир, по судски пат ќе си го барам авторскиот хонорар кој издавачката куќа Нампрес ми го должи како рецензент на книгата „Принципи на археологијата“ од Даглас Прајс. Во вчерашниот број на весникот Време, во контекст на написот Владата „штанца“ неупотребливи книги, искористена е изјавата од постот кој специјално за оваа пригода го подигнав на интернет. Ова чисто во контекст да се знае колку моќни медиуми се интернетот и сајтовите за социјално вмрежување.

Би сакала да напоменам уште еднашка, дека за разлика од изјавата во статијата на Време, издавачката куќа Нампрес ниту ми понудија да склучат договор, ниту пак имаат авторски договор со мене за извршената рецензија. Оваа изјава ја давам јавно, за случајно да не им текне да ми го фалисфикуваат потписот доколку дојде до судски процес. 🙂

Инаку, се’ уште во оптек е опомената пред тужба, што ја подигнав na 09.04.2010 кон издавачката куќа Нампрес за ненамирени авторски долгови во однос на мојата рецензија. Рокот од 8 дена набрзо ќе истече и доколку дојде до официјална тужба, ќе се радувам се во врска со процесот да подигнувам на интернет. Има да научат еднаш засекогаш во оваа држава дека постојат и луѓе како мене, достојни на своите принципи, исто како насловот на книгата која ја рецензирав. 🙂

Клучни зборови: Nampres, Nam press, Нампрес, Нам Прес, издавачка куќа, Izdavacka kukja, Скопје, Skopje

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име