Home Археологија Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Криејтив...

Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Криејтив Комонс

2,680 views
1

Зошто македонските археолози треба да публикуваат на Интернет под лиценцата на Creative Commons” е насловот на мојот последен научен труд кој деновиве излезе во списанието Културен Живот. Истоимената темата ја пријавив на последниот симпозиум на македонските археолози во Кичево, но за жал од оправдани причини задоцнив утрината кога ми беше закажан распоредот за презентација и не успеав да ја претставам пред своите колеги. Искрено, на овој чекор се решив бидејќи не можам да чекам со децении да се публикува зборникот од овој симпозиум, кога повеќето од податоците ќе бидат апдејтувани, застарени и надминати.

Многупати разработувани во моите постови, сепак ова се теми кои генерално се непознати за научата сфера во Македонија. Иако можеби сето ова наизглед звучи лесно, сепак е тежок патот по кој моментално чекори македонската археологија. Во текстот се обидувам да им предочамна моите колеги а и на сите засегнати и заинтересирани, што се случува кога една научна методологија ќе се преслика на интернет преку примената на Новите Медиуми и се искористат новите технологии со алатки кои се генерално бесплатни. Исто така го сумблимирам се она за коешто сметам дека им е потребно за да се запознаат со предностите кои ги нудат лиценците на Криејтив Комонс, во надеж дека можеби еден ден ќе се скрши јазичната бариера во on line публикувањето, а со тоа ќе се зголеми и нашето присуство во дигиталниот свет.

Превземи го фајлот (ПДФ)

1 COMMENT

  1. […] Блогот го отворив поради неколку причини. Едната беше затоа што сакав да ги пласирам своите текстови за археологијата. На него може да му се придодаде нивото на перцепцијата за археологија кое одамна го надминав за разлика од тукашните археолози, па немав со кого да разговарам. И најсетне затоа што се залагам за демократско мислење и отворен пристап до знаењето на и…. […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here