Дома Уметност Кој настанал прв: идентитетот или човекот?

Кој настанал прв: идентитетот или човекот?

3,054 views
2

 

Се думам што да напишам за тековното 8 Биенале на Младите уметници во Музеј на Современа уметност кое оди под закрила на темата “Идентитети“, а да бидам правилно разбрана. Оти скоро секогаш кога читам критички осврт од некој историчар на уметноста (со чест на исклучоците) освен рандом употребени неразговетни зборови со мистериозно етимолошко потекло, обично во глава не ми останува ни пукиот заплет од текстот.

Откако го преживеав првиот елементарен шок од природна непогода како да се стигне до Музејот на -3 степени со лапавица од снег пропратена со ветер, таму го доживеав следниот. Kолку и да звучи како клише, мене ми сметаше тоа што изложбата немаше свое официјално отворање. Како за манифестација од овој ранг, тоа е еден голем минус до организаторот. Понатаму…

Во време кога се зборува за пост-концептуална уметност каде секое уметничко дело е нужно да биде пропратено со било каква пишана информација бидејќи самата природа на уметноста го изискува тоа, им завидувам на сите историчари и критичари на уметноста кои треба да измрзнат во Музејот на Современа уметност стоејќи по 2-3 саати пред едно дело за да дешифрираат што сакал да каже во буквална смисла авторот.

 

Ова не е било каква изложба која би поминала незабележано, што впрочем го докажа и огромното присуство на публиката. Сепак, се соочив со еден од најголемите организациски пропусти – непостоење на испечатен каталог во кој нешто (било што) би било наведено за уметниците , нивните дела или општо за самата тематика. Сум патувала доста по светот. Ама никогаш во животот не сум отишла на изложба па била таа и маргинална (а не пак да е од типот на “Биенале”), која не била проследена со каталог. Понекогаш и еден месец однапред.

Сметам дека темата на изложбата е сосема добро избрана. Постојат различни типови на идентитети како што е разновиден и приодот кон секој од нив. Карактерен, етнички, родов, политички, колективен, мултиплекс … Сосема друг е проблемот што терминот идентитет кај нас обично се идентификува со политичка ситуација и влијае на дискурсот при неговото доживување. Кој секако дека е различен во Португалија, во Русија, во Бразил на пример и во Македонија каде најмногу се должи на одредени ентитети во државава кои навистина имаат проблем со “идентитетот”. Па така немаат потреба да ги збунуваат другите, бидејќи се сосема доволно збунети од самите себе.

[youtube]ZXEDZa9S0xk[/youtube]

Зоран Попоски – Here

Сега накратко за уметноста. Не сретнав издржана критичка рецензија за изложбава. Критичкиот осврт за едно дело мора да постои, оти никогаш нема да остане забележано како тоа било прецепирано од публиката и критиката во одреден временски период. Како што можам да забележам во својот осврт проф. Величковски бил дури и преблаг. Од девте зла Величковски го одбрал помалото, да ги потенцира добрите, а да ги прескокне лошите дела. А што да се каже за делата, кога знаеме дека за вкусовите не се дебатира.  Добив чувство дека полата од нив се комплетно промашени на зададената тема, иако верувам оти уметниците ќе се обидат да најдат било каков изговор дека е спротивно. Премногу изнасилени и со тенденција не само да се биде потполно инаков од другите, ами да се направи нешто за што би се рекло дека “се уште не е видено”. Барем во Македонија!

Инаку имаше навистина многу добри концептуални решенија на една од моите омилени теми за “Идентитетите”. Темата сама по себе е клопка за сите оние кои мислат дека е најлесно да се лупнеш по градите и да кажеш “Јас сум…” Хм.. “Кој сум бе па јас…? “. “Да, кој си всушност ти? Користиш ли google за да си го оправдаш или докажеш својот идентитет?”

Покрај отсуство на каталог и непостоење на пропратен веб сајт, прикаскава би ја завршила со хајлајтот за кој никој од уметниците не знаеше. Дека годинава Музејот на современата уметност ќе додели награда за најуспешен автор и дело со средства одобрени од Министерство за култура. Што во некоја рака ако не значи перење на пари, тогаш сигурно може да се смести во категоријата перење на мозоци. Посебно за дел од презентираните бљувотините кои демек треба да значат уметност, оти кај нас добра изложба се прави само “тогаш кога ќе се најдат доволно квалитетни дела” на едно место.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име