1st August 2009

Новости од македонската археологија

posted in Археологија, Интернет, Книги и литература |

Иако споро, сепак почнаа да се помрднуваат некои работи во македонската археологија.

Пред една недела беше пуштено во оптек циркуларно писмо до сите археолози дека се одобрени финансиски средства за официјалното списание на МАНДMacedoniae Acta Archaeologica бр.19, каде право на учество имаат членовите на друштвото кои имаа пријавено реферат на XIX Симпозиум одржан во Делчево, во 2006 година. Печатењето треба да заврши до крајот на 2009 година и ќе можат да се прочитааат многу новитети од ископувањата или спроведените истражувања во изминатиот период, помеѓу кои и два мои нови научни текста. По 2000-та година ова периодично списание доцнеше со години (беше наведена причината за немање на финансии), па наместо еднаш годишно отчет за сторените ископувања финансирани од граѓаните на РМ, она што се откри помеѓу едноставно се изгуби во коридорите на немоќниот капацитет за публикување на наодите кои се уште стојат по депоата на македонските музеи.

Втората информација пристигна во форма на електронско списание со вести за македонската археологија именувано како Македонски археолошки весник. Веб сајтот е навистина елементарен (некои би рекле дека има и блогови со подобар дизајн), треба да се поработи на рецензијата на англискиот превод (сепак чита светот) и за среќа не се провлекува гафот во официјалната изјава дадена за МИА по повод пуштањето на списанието:

Македонскиот археолошки весник еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период.

Целта на ова списание е да презентира, афирмира и промовира позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети  од  Република Македонија со хронолошки дијапазон од предисторијата до доцниот среден век, занемарувајќи ги повторно отоманскиот период и нашето совремие како тоа да не спаѓа во сферата на археологијата.  Се надевам дека за научните текстови од овие ископувања, нема да причекаме неколку “децении” како што е тоа обичај кај повозрасните археолози од кои за жал некои се се уште активни во своите ископувања, но не и со своите публикации кои доцнат пола век.

Клучни зборови: македонски, археолошки, весник, ископување, локалитет, Македонија, macedonian, archaeological, news, excavation, dig, site, e-magazine, Macedonia

Bookmark and Share

There is currently one response to “Новости од македонската археологија”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On January 6th, 2010, Архео пресек низ 2009 » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] споменав страниците за археолошкиот локалитет Таор и Македонскиот Археолошки Весник. Кампањата за промоција на туризмот со малку вулгарно [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes