Home Лично Среќен Божиќ

Среќен Божиќ

1,027 views
0

 

Запишана во
многубројните кодови на
конструкцијата од традицијата
која не е создадена
за да се предава
туку е конструирана
за да создаде клучови на толковните поими
и необични сонови,
пребожиќно расположени. 🙂

Македонскиот етнос е како хард-диск кој со текот на векови апсорбирал кодови кои ги вткал во сопствениот фолклор. Вистинскиот клуч за старите култури го носиме во себе. И треба да го дадеме како сведоштво, за да остави печат на времето.

Како и секоја година, за овие денови моите ритуали се однапред одредени. Горе-доле (со варијанти на тема) традиционално се знае редоследот на настаните пред Божиќ. Прво е палењето на огновите, па Коледарите, следниот ден е Бадниковата посна вечера, Кршењето на лепчето, Паѓање на паричката и Божиќ или Рождество Христово.

По овој повод, на сите драги пријатели, роднини, блогери и читатели им посакувам Радост, Љубов и Мир, Стрпливост и Спокојство. За многу години да ви се празнициве, нек се угодат 🙂

Христос се роди

Навистина се роди

Среќен Божиќ

 

Клучни зборови: Бадник, погача, паричка, коледари, Среќен Божиќ, Христос се роди, обичаи, традиција, Македонија, Badnik, coin, pie, Merry Christmas, tradiion, customs, Macedonia

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here