Home Археологија Burra Charter (Повелбата од Бура)

Burra Charter (Повелбата од Бура)

4,147 views
1

Повелбите за заштита се меѓународни документи коишто служат како препораки за подготвување и спроведување на проектите за заштита на културното наследство во некоја држава или одреден регион. Повелбата од Бура чие оригинално име гласи ,,Тhe Australia ICOMOS charter for the conservation of places of cultural significance” (Повелба на ИКОМОС – Австралија за заштита на објекти и локалитети со културно значење), прв пат е објавена во 1979 година во Бура, јужна Австралија. Од тогаш ревидирана е уште три пати – во 1981, 1988 и 1999 година.

Последната верзија на оваа повелба го избегнува техничкиот жаргон кој претставува вистински недостаток како примерот со Повелбата од Венеција, па сите специфични изрази од областа на заштитата се објаснети со толкувања и забелешки. Повелбата е напишана со неутрален тон и мултидисциплинарен пристап со што се одбегнати класичните одредби кои треба да се однесуваат на некоја струка посебно. Основниот акцент во целиот текст е ставен на потребата од целосно разбирање и соодветно прикажување на културното значење на еден споменик, пред да се премине на подготовка на стратегија за неговата заштита. Повелбата од Бура треба да ја познава секој археолог, конзерватор, историчар на уметноста и архитект, инжињер, историчар итн. Важно е да се напомене дека таа не е законски акт, ниту е погодна да се користи како правен пропис или закон за заштита. Таа е збир од дефиниции, принципи, одредби и совети како треба да се спроведе заштитата на културното наследство бидејќи е сеопфатен документ и ги содржи најновите достигнувања и сознанија од теоријата и практиката за заштитата на културното наследство во светот.

Burra_charter

Илустрирана публикација на Повелбата од Бура (1999)

Иако оваа повелба не е Законик од типот на Хамбураби (ти ме-не кра-деш ја те-бе се-чам ра-ка), сепак доволно помага да се согледа Syndrom of archaeology and cultural heritage consevation, preservation and popularisation на една земја во вечна транзиција, како што е за жал во моментов Македонија. Кај нас се уште популаризацијата на културното наследство не се одвива со адекватно толкување, претставување, реконструкција и реставрација, бидејќи немаме соодветен менаџмент за истото тоа културното наследство. Немаме степен на културно значење, приоритетни листи на популарни или загрозени локалитети. Немаме стратегија за заштита на културното наследство, ниту уредени пејсажи. Но сепак имаме еден услов од оваа повелба кој стопостотно го исполнуваме – судир на интереси. Сепак она кое што мене најмногу ме заинтригира во Повелбата од Бура е нејзиниот прв член.

Article 1

Definitions

For the purposes of this Charter:
1.1

Place means site, area, land, landscape, building or other work, group of buildings or other works, and may include components, contents, spaces and views.

Во контекст на овој член, интересен е начинот на кој е дефиниран концептот што се` подразбира под синонимот локалитет. Тоа е термин кој има огромна концептуална лепеза и пошироко неговата интерпретација може да вклучи: споменици, дрва, градини, паркови, места од историско значење, урбани области, градови, индустриски локации, археолошки локалитети и  духовни и религиозни места. Она кое што сакам да го посочам е фактот дека се’ ова околу нас е дел од т.н. современа археологија или во светот попозната public archaeology која вклучува и Archaeology of memory. Постојаното градење на објекти, патишта, индустриското производство, еден ден за идните генерации ќе биде древна археологија. И ќе биде закопано длабоко под земјата. Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа треба да бидеме крајно внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази.

So-Meredith-Walker

Со Meredith Walker во Скопје, еден од авторите на Повелбата од Бура и консултант за културно наследство во Австралија

Од исклучителен интерес за мене е начинот на кој колегите во Република Македонија ги применуваат советите на експертите од Австралиjа. Во спротивно, можеме со Хаемус, центарот за научно истражување и промоција на културата, подетално да ги запознаеме колегите со предностите на оваа повелба преку предавања и работилници.


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

1 COMMENT

  1. Можеби треба да се направи напор и да се дознае како на пример Грција се справува со своето наследство. македонија е толку богата со историја, што ако доследно се спроведат насоките од повелбата нема да ни стигнат ни стопати повеќе средства од тековните за да се третираат соодветно сите локалитети.

    Можеби ЕУ може да помогне, ако не беше Македонија токму од нив блокирана за влез во соодветните интеграции, под водство на Грција (која сигурно ќе го оспори начинит на презентација на локалитетите во Македонија).

    Според мене, најпрво треба да дефинираме листа на приоритетни локалитети. И, жално е да се рече, ќе треба да прифатиме некои од помалку приоритетните да се остават во сегашнава состојба, или да се урбанизираат. Се не може да се заштити.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here