Дома Археологија Благодарност до читателите на Археоблог

Благодарност до читателите на Археоблог

2,078 views
0

После 8 години интензивно присуство на интернет, бев, и останав единствениот археолог кој јавно пишува за сите наши предности и слабости за културното наследство на Република Македонија. Во меѓувреме стаботев огромен број на проекти, публикував книги, научни и популарни текстови за археологијата, реализирав стотици тури од областа на културниот туризам, стекнав прекрасни пријатели и соработници преку социјалните мрежи, а го основав и ХАЕМУС, центарот за научни истражувања и промоција на културата.

Не е лесно секој ден да ве следат илјадници луѓе на интернет, но со текот на времето се навикнав на бремето коешто требаше да го понесам како археолог кој има професија на јавно ангажиран стручњак чие мислење, идеи, коментари, интервјуа или научни текстови можат да имаат краткотрајни или долготрајни последици врз мислењето на луѓето. Но  познато е дека нема секој храброст или знаење да застане јавно позади своите ставови.

Упатувам голем наклон до сите мои пријатели, читатели, колеги и медиуми при сите мои напори во истражување, промоција и валоризација на културното наследство на Република Македонија.

Не заборавајте …

Сите наши наоѓалишта се наши светилишта.

Благодарност за поддршката во изминатите години!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име