Дома Антропологија Експерименти: Автентична копија од неолитска тесла

Експерименти: Автентична копија од неолитска тесла

2,273 views
0

Камените алатки со милениуми биле основа за економска егизстенција на предисториските заедници ширум светот. Некои од нив како острилото/точилото за ножеви, се уште сѐ користат во нашите домови морфолошки (типолошки) и функционално непроменети. Интересот за камените алатки во македонската археологија скоро и да не постои, бидејќи начесто фокусот се насочува кон керамиката/фигурините или евентуално артефактите изработени од некој метал кои се поатрактивни за анализа и научна обработка. Но факт е дека огромната палета на три вида камени алатки користени од луѓето (делкани, мазнети и абразивни), можат да придонесат кон реконструкција на разни сфери од животот на човекот во минатото како: обработка на земја, употреба на артефактите при исхраната, типови на занаети и присуство на работилници во или вон истражуваниот локалитет, населба, регион итн.

Истражувањата за овие камени орудија се поливалентни, од апект на нивната типологија, трагите на употреба, суровините кои се користени и нивно присуство или отсуство во околината, надоградено со многу истражување од етнографијата и експерименталната археологија. Особено екперименталната археологија може да биде репер за споредување на артефактите при препознавање на трагите од употреба кои се разликуваат според видот на материјалот, а преку компарација на тие траги возможно е да се лоцира местото за обработка и да се идентификува видот на суровината користен за нејзино добивање. Ова изискува навистина многу време, труд и енергија, но резултатите  ни овозможуваат да се создаде целосна слика за секојдневниот живот на една предисториска населба.

Почетокот на експерименталната работа во областа на археологијата е секако изработка на еден тип орудие од различни суровини, а потоа негова употреба врз различни материјали, со цел да се добијат разновидни траги на употреба врз неговата површина. Во текстот е вгнездена една презентација на која има фотографии од реплика на автентична неолитска камена тесла, во овој случај направена од прекрасен зелен полупровиден флуорит собран од околината на Прилеп. Идејата за дизајн беше моја, а обликувањето го изведе Студиото за дизајн и минерали – Кара минералс.  Во иднина ќе се направи и работилница на која партиципантите ќе можат да работат и да експериментираат со алатки кои се реплика на предисториските орудија. Сите заинтересирани, stay tuned! 🙂

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име