Home Антропологија Промоција – Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија

Промоција – Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија

3,344 views
0

На 05 јануари 2012 година, во просториите на кафе-книжарницата Магор, со почеток во 19 часот ќе биде промовирана книгата ‘Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија’ од авторите Никос Чаусидис и Гоце Наумов. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Александар Прокопиев. Некако чинам дека Магор ќе биде премал простор за да ги собере сите љубители на нашето културно наследство. 🙂

Инфо:

Оваа монографија обработува неколку категории археолошки наоди откриени на територијата на Република Македонија што потекнуваат од неолитскиот период (6500 – 4000 години пред нашата ера). Пред сè, станува збор за керамички предмети обликувани во форма на човечкото тело или на одредени негови делови, не ретко комбинирани со некои други елементи од тогашното негово опкружување: антропоморфни фигурини, антропоморфни модели на куќи и антропоморфни садови. Во оваа публикација, акцентот не е ставен на самите наоди, туку на нивната научна интерпретација. Врз база на типолошките, компаративните, интердисциплинарните и семиотичките методи, во неа се прави обид за откривање на митско-религискиот карактер на овие артефакти, нивното место во социјалните сфери на неолитските заедници, како и на односот на тогашниот човек кон сопственото тело и светот во кој егзистирал.

Настанот со своја страница на фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here