Home Археологија SEO за македонската археологија

SEO за македонската археологија

2,103 views
0

Никогаш не сум мислела дека ќе навлезам во светот на новите медиуми и социјалните мрежи, се додека не отворив блог за археологија, кој подоцна прерасна во сајт за археологија, а во меѓувреме се размножи на неколку јазици со повеќе филијали. И покрај тоа што сум археолог, присуството на интернет и желбата луѓето да прочитаат што пишувам за археологијата и културното наследство, ме натера малку подлабоко да навлезам во она што екпертите го нарекуваат SEO. SEO (Search engine optimization) или на македонски јазик ‘оптимизација за интернет пребарувачи’ е еден процес при кој се користат алатки на интернет (генерално бесплатни ама може да бидат и платни :)) при кој го зголемувате сообраќајот кон вашиот блог или веб страна.

Процесот е со многу голем позитивен реципроцитет. Колку подобро ви е среден html кодот на сајтот/блогот и употребувате таргетни клучни зборови (тагови), толку побрзо луѓето ќе ве пронајдат на интернет и ќе бидете повеќе читани. Штом сте читани, автоматски ви се зголемува бројот на посетите што го исфрла вашиот сајт/блог на повисоко место кај пребарувачите. Со тоа добивате уште поголема популарност и на крајот кога вашите линкови се наоѓаат на првата страница на google, пред да се освестите, вие станувате релавентен медиум кој влијае врз мислењето на другите.

Секако најважно од се е кои зборови ќе ги употребите во насловот на постот и на кој јазик, кои клучни зборови ќе се повторуваат во телото од текстот, кои тагови или категории ќе ги употребите кога создавате нова страница или пост, какви имиња ќе им дадете на фајловите, фотографиите, кое повлекува колку пати и од кои релевантни извори ќе бидете линкани итн. Да не зборувам и тоа дека отимизирањето на блогот/сајтот е еден вид на бесплатен маркетинг кој за жал до сега моите колеги не го сфатија, а дел и не го прифатија како опција во својата кариера. Колку побрзо ве пронајдат, толку подобра комуникација ќе остварите со своите читатели | партнери | колеги во рамките на на интернетот, но и надвор од него.

Искрено, јас и не се разбирам толку од SEO, сепак за тоа има обучени екперти. Кога нешто ми треба и се обраќам на македонската твитосфера и секогаш добивам помош од македонските твитерџии. Но едно знам, моите текстови се доста читани, котираат високо на пребарувачите, и порано или подоцна секако ќе налетате при пребарување на моите блогови и сајтови. Само пробајте да вкуцате некои тагови како: археологија, Македонија, културно наследство, Археоблог, Димитровска Василка, Кокино итн. 🙂

Од денеска се забележува новитет на главната страница на Google, насловен како Google instant. Не е се уште познато дали Google instant ќе го убие SEO-то. Се дотогаш, не е лошо што поголема, пообемна, подобра и поквалитетна оптимизација на археолошките теми и текстови. Оти не само што ја нема во светски, ами ниту во домашни рамки никаде ја нема македонската археологија, било тоа реално или виртуелно.

Линк: Додаток на Вордпрес за SEO

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here