Дома Блогосфера Мојот текст е само мој – реакција на соопштението од претставниците на...

Мојот текст е само мој – реакција на соопштението од претставниците на медиумите

3,013 views
1

Откако постои македонската блогосфера, многупати сме биле сведоци како мејнстрим медиумите или веб порталите краделе содржини (понекогаш и оригинални) од блогерите. Секако имало и обратни ситуации, но се поретки. Која е причината што денеска беше објавено соопштение кое е потпишано од неколку македонски медиуми кои имаат раличен начин на публикување на своите информации? И што е тоа кое толку многу ги допре медиумите, за да се дрзнат посебно кон интернет заедницата да се обратат на таков начин со “закана”?

На средбата одржана на 24.12.2009, присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие медиуми во целост или делумно од дел на веб порталите и радио станиците во Република Македонија, со што директно се крши законот за авторски права, но и се нанесува реална штета со намалување на бројот на посети на порталите на медиумите кои ги продуцирале овие вести (информации). Од средбата произлегоа следниве заклучоци:

1.Заради заштита на нашите интереси и почитување на законот, Ве повикуваме како сопственик или одговорно лице на вашиот портал, најдоцна до 01.02.2010 на своите портали, преземените вести да ги објавувате само со наслов (поднаслов), директен линк (URL) до изворната вест, и тоа само оние вести и други информации кои соодветниот медиум би ги публикувал во наменски RSS (Really Simple Syndication) формат и во количина (наслов, датум, линк, фотографија итн.) која е публикувана со истиот RSS формат.

***

3. Ве повикуваме до горенаведениот датум да постигнете договор со сите медиуми од кои ги преземате вестите и другите информации кои потпаѓаат под Законот за заштита на авторски права.

@makfax

Ова јавно писмо, заеднички потпишано од неколку мејнстрим медиуми и веб портали се дрзнува да ги опомене луѓето кои работат со интернет за заштита на авторски права, кои некои од долупотпишаните ниту самите не ги почитуваат.

Еве само мала архива на интернет злосторствата направени од страна на медиумите кон блогерите:

– Блог “Тепај Време“: Вечер ги украде парите!
Волан: Вечер ем здиплил напис од блогер – ем ке заслужи пријава за клевета и тоа во изборна кампања …
Археоблог: Како весникот Дневник “позајмува” од мојот блог – Каде е гробот на Богородица
IT.com.mk: Авторскиот труд не е бесплатен!

* * *

Мeдиумите имаа шанса да дебатираат со блогерите и со луѓето кои создаваат креативни и оригинални содржини на интернет, во рамките на конференцијата Е-општество која на почетокот од декември се одржа во Холидеј ин. Поточно, вториот ден од конференцијата беше замислен како округла маса за споделување на идеи и размисли на која беа поканети претставници од повеќе, пред се мејнстрим медиумите. И никој од нив не се појави.

Текстот на порталот It.com.mk се надоврза само како реакција на ова писмо и коментарите на твитер заедницата. Но да го поставиме етичкото прашање и во обратен правец. Колку од медиумите потпишани во ова соопштение ја почитуваат заштита на интелектуални и авторски права, кога ниту самите не ги цитираат странските извори од нивните колеги? А што станува тогаш со блогерите и лиценците на Криејтив Комонс? Дали и нив ќе ги испочитуваат како што сакаат да бидат и самите почитувани? Една стара поговорка вели: Не му прави на другиот нешто, што не би сакал да ти биде и на тебе направено.

Своевремено дадов една изјава за весникот Шпиц во однос на правната регулатива “Некои права задржани“ на Криејтив Комонс која најчесто ја користат блогерите, наспроти аксиомата на медиумите “Сите права задржани“. Поентата на моите бесплатни текстови за археологијата и културното наследство сите овие години откако сум присутна на интернет е споделување на знаењето и стигнување до научни содржини преку создавање извори со отворен пристап до корисниците, со едноставно цитирање (линкање) на изворот.

После долго патешествие, македонските медиуми имаат шанса повторно да седнат на иста маса со луѓето кои создават нови и креативни содржини и ги користат Новите медиуми како алатка.

* * *

Немојте никогаш да заборавите дека:

За некои генерации, Новите медиуми се единствениот извор на инфомации.

* * *

1 КОМЕНТАР

  1. Опапа, сега ќе те тужат за нарушување на авторски права што си ја презела фотката со потписите и текстот од резолуцијата од нивниот сајт. 😉 🙂

    ПС
    А зошто во предлог законот за авторски права стои дека вести како такви не подлежат под авторско право?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име