Дома Археологија ТВ гостување – Развој на автентични научно-истражувачки брендови и промоција на македонското...

ТВ гостување – Развој на автентични научно-истражувачки брендови и промоција на македонското и балканското културно наследство

135 views
0

Голема привилегија е да се работи со нашето културно наследство, а уште поголема обврска е исто тоа да се негува и пренесува на идните поколенија. Упатуваме благодарност до авторката Каролина Петковска за поканата м-р Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС да гостува во нејзината авторска емисија „Неделен магазин“ која се емитуваше на 27.02.2022 од 10:30 на брановите на првата програма на националната Македонска Телевизија.

Зборував за развојот на автентични брендови од областа на научното истражување и промоција на културното наследство на Македонија и Балканскиот полуостров, како и за голем број активности на ХАЕМУС: едукативната програма „Млад истражувач“ чија едиција за една година брои 12 книги за деца и млади, Баба Марта и Обичајот „Мартинки“ чијшто носител во УНЕСКО е ХАЕМУС, како и за најновата книга „Зборува радио Скопје – градот убав пак ќе никне“.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име