Home Археологија Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале

Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале

3,826 views
1

 

Ископувањата на Скопското Кале започнаа на 14-Мај-2007. Јас во тоа време бев во Словенија и се приклучив две недели по старот на едно од најголемите археолошки истражувања било кога направени на територијата на Република Македонија. Уште на стартот покрај тоа што e ова open public ископување, се постави и прашањето за web страница каде сите заинтересирани навремено ќе бидат известувани за текот на истражувањата и публикувањето на некои одредени наоди. Иако тоа би загрозило дал од авторските права на истражувачите, сепак постојат повисоки цели во животот, а тоа е јавноста да биде навремено известена за сите откритија кои при тоа се случуваат.


Момент од пронаоѓањето на пехарот во Сектор 3

За археологијата во Македонија имам напишано многу и секако дека ќе продолжам понатаму. Како директен учесник во ова ископување и соработник на дел од web страницата, можам да напишам текст кој би бил илјада пати подобар од најдобриот новинарски текст. Сепак одбрав дека е подобро јавноста да биде известена преку релевантни извори како што се медиумите и секако преку официјалниот web site за Скопско кале. Страницата беше пуштена во оптек уште многу одамна, по само два месеца ископување, но од горенаведените причини одбрав да ја постирам дури сега.

Енеолитската куќа и наоди од праисторијата
Сектор 7

После Вардарски рид ова е веројатно единствено ископување во Македонија кое за неговото времетраење се здобило со сопствена интернет страница која се третира како афирмативен прилог на археологијата. Јас и моите колеги во моментов со сопствени раце го копаме културното наследство на Македонија правејќи ја археолошката слика на една земја во сегашноста, за да послужи како основа за колективна меморија на идните генерации.И ви благодарам на сите вас кои ме читате, за интересот кој го покажувате.

Линк: http://skopskokale.com.mk

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here