Home Musica ethnica Ајде бујрум, на по една Баклава

Ајде бујрум, на по една Баклава

1,991 views
1

 

Уште пред да започнам, мора да кажам дека МММ завршиле поголем дел од работата. Имено на едно место можете да најдете повеќе работи од групата која претрпе разни метаморфози во однос на својот звук, изглед и визуелен настап, вклучувајќи ја и рецензијата од Утрински весник. Баклава, конечно го издадоа својот прв албум. Инкорпорирајќи ја етно-музиката како основа за своите дела, тие ни даруваат еден стил кој е свеж како духот на нашето совремие, но притоа доволно автентично обоен со звуците на фолклорна изворна традиција, за да ни прикаже колоритност на еден свет за кој носталгично се присетуваме.

За Баклава пишуваше Ицко, кој наведе дека албумот е составен од 9 композиции. Од нив 7 се обработени народни изворни Македонски песни, а 2 се компонирани од Баклава како директна инспирација од Македонскиот фолклор.

1. Мори чупи костурчанки (можеш да ја симнеш песната)
2. Невеста жито требеше
3. Димитрија
4. Доко (можеш да ја симнеш песната)
5. Глас (компонирана од Баклава)
6. Marijo deli bela kumrijo (спец. гостин: Сашо Гигов-Гиш)
7. Falanga (спец. гостин Сашо Гигов-Гиш) (Компонирана од Баклава)
8. Мома оди за вода
9. Врбиче

Покрај ова, на официјалната страница на Баклава, можат исто така по избор да се одгледаат или да се превземат некои од спотовите.

Голем поздрав до членовите на групата, посебно до Никола. Ако следниот пат не ме известиш кога ќе свирите, да знаеш дека ќе ти бидам скар. :))))


p.s. На mp3 player-от од лево, поместив неколку песни од овој албум на Баклава кои можат да се преслушаат.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here