Home Cпонзорирано Тутан камен или пијан ко Тутанкамон

Тутан камен или пијан ко Тутанкамон

1,448 views
0

Еден египетски фараон кој владеел со осумнаесетта династија, ќе остане засекогаш запаметен во историјата на човештвото во моментот кога археологот Хауард Картер на 16.02.1923 год. ќе ја отвори неговата гробница и ќе пронајде негибнат саркофаг опкружен со огромно богатство како прилози за задгробниот живот во кој верувале старите Еѓипќани. Веста за пронаоѓањето на саркофагот на Тутанкамон ќе биде толку помпезно проследена од медиумите, што за сосема кратко време ќе го обиколи светот и очигледно ќе остави голема трага во некои локални култури.

Kafeana_tutankamen_dvaesetti_Skopje

Потрагата по историјата на старо Скопје ме одведе до една интересна фотографија. Оригиналната верзија на фотографијата вгнездена во текстот се чува во ДАРМ (Државен архив на Република Македонија) и според нивната архива датира некаде од средината на дваесеттите години. На неа се прикажани еднадодруго две кафеани во Скопје со мошне интересни имиња. Очигледно е дека нашите претци имале голема смисла за хумор кога едната кафеана ја крстиле ,,Кај Ружа”, а другата ,,Тутан камен”. Не постојат многу историски записи за овие два објекта, освен што јас лично од некои постари скопјани во неврзан муабет сум слушнала дека ,,Кај Ружа”, помеѓудругото освен кафеанската, се вршеле и други услужни дејствија согласно мирот и спокојството на машкиот род.

Во отсуство на апсолутна хронологија, можеме само да претпоставиме дека едната кафеана го добила својот назив очигледно по пронаоѓањето на гробницата на Тутанкамон, што во најмала рака ја датира фотографијата не постара од 1924/25 година. Не би можеле да кажеме дали овој назив е директно иснпириран од пронаоѓањето на гробот на Тутанкамен, но со сигурност можеме да констатираме според народната изрека, кога излегуваш од кафеана, дефинитивно си ,,камен пијан”, или си ,,тутан ко камен”. 😀

Текстот е адаптиран и делумно преработен од оригиналниот научно-истражувачки проект на ,,ХАЕМУС” насловен како ,,Студија за Дебар Маало, нематеријално културно наследство – изработка на студија за дефинирање на Боемскиот кварт како културна атракција врз основа на културно – историскиот и антрополошкиот контекст во последното столетие, со акцент на првата половина на 20 век”, нарачан и поддржан од општина Центар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here