Во изминатите две години од своето постоење, ХАЕМУС како центар за научно истражување и промоција на културата, порасна и прерасна во општествено одговорна организација за зачувување на колективната меморија од минатото. Главната цел е менаџментот и промоцијата на културното наследство на Република Македонија и Балканот, но за се постигне токму тоа, таргетот е всушност насочен кон надворешната соработка со најразлични организации од владиниот, приватниот и независниот сектор.
Активностите на ХАЕМУС имаат широк дијапазон и покрај голем број на локални проекти, учество на светски престижни конференции, објави во научни списанија, апликација во УНЕСКО за мартинките, организирање на едукативни тури, настани, работилници и јавни предавања, исто така ја опфаќаат и работата на официјалниот УНЕСКО Клуб Хаемус, како и публикацијата HAEMUS JOURNAL, светско академско е-списание за археологија и историја на Балканскиот полуостров.
Особено во јавноста се популарни предавањата на ХАЕМУС од академски граѓани во организација на УНЕСКО клубот ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО за „Отворени образовни ресурси“ (ООР). Овие предавања кои концептуално се поклопуваат со целите на УНЕСКО за ОЕР доста често добиваат логистичка поддршка и од Алијанса за ООР во Република Македонија. Тоа е група составена од поединци, организации и институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност за создавање и користење на ООР во Република Македонија. Впрочем во мототo на ХАЕМУС е хедлајнот за отворен и бесплатен пристап на знаењето на интернет, па овој тип на настани се интерактивни, аудио-визуелно се снимаат и потоа се подигнуваат на интернет за да послужат како едукативен материјал, а во исто време да бидат достапни за секој заинтересиран.
18.11.2013, Музеј на град Скопје, проф. д-р. Ванчо Ѓорѓиев – „Илинденско востание: историографски дилеми и контроверзи“
[youtube]jIpslZMIggs[/youtube]
23.05.2013, Музеј на град Скопје, проф. д-р. Далибор Јовановски – „Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста“
[youtube]u8vncjAiMQ0[/youtube]
18.11.2013, Музеј на град Скопје, м-р. Јован Јоновски – „Грбот на Република Македонија – тема за дилема“
[youtube]BSPDqgLqNTw[/youtube]
20.02.2014, City Hall Skopje, проф. д-р Никос Чаусидис – „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век“
[youtube]lpsehYOcwFE[/youtube]
За жал, во архивата недостасува видео записот од предавањето на проф. д-р Николај Спасов, бугарски палеонтолог и директор на Националниот Природонаучeн музеј во Бугарија, кој беше загубен поради технички причини.
УНЕСКО Клубот ХАЕМУС и во иднина ќе организира ваков или сличен тип на предавања под мотото на Отворени Образовни ресурси, а за сите навремени информации, најдобро е да се следи официјалниот веб сајт или официјалната фејсбук страница на ХАЕМУС.