Дома Археологија Споделување: Василка Димитровска – монографија за камените орудија од Руг Баир

Споделување: Василка Димитровска – монографија за камените орудија од Руг Баир

7,009 views
0

На 16.05.2013 година во градската библиотека ,,Браќа Миладиновци“ ја промовирав мојата монографијата „Камена индустрија са неолитског локалитета Руг Баир – Република Македонија“, во издание на „ХАЕМУС“ – Центарот за научни истражувања и промоција на културата од Скопје. Упатувам голема благодарност до Ели Пешева, магистер по нови медиуми и комуникологија која беше модератор на оваа книга, како и на главниот промотор проф. д-р. Никос Чаусидис (Катедра по археологија, УКИМ, Скопје), за прекрасните зборови кои ги кажаа за време на промоцијата. Како автор на оваа книга, се обратив кон публиката со кратка презентација или би рекла едно мини предавање за содржината на монографијата, а во прилог може да се погледне и видетото од целиот настан.

poster02.jpg

Веднаш по промоцијата, книгата стана достапна во електронска форма под една од лиценците на Криејтив Комонс и може да се превземе од повеќе места на интернетОваа книга без преработки и дополнувања, произлезе од магистерска теза со наслов: Индустрија окресаног и глачаног камена са неолитског локалитета Руг Баир у Горубинцима, у ширем регионалном контексту, одбранета на Филозофскиот Факултет при Универзитетот во Белград во мај 2011 година, пред комисијата која ја сочинуваа: проф. д-р Душан Михаиловић (ментор), проф. д-р. Ненад Тасић, д-р Бобан Трипковић и д-р. Драгана Антоновић.

Во текот на мојата работа врз збирките, пред се од делкани камени артефакати, повеќе од 12 години ми помагаш геологот мр. Недељко Ђорђевић од Куманово, кој за жал почина во 2009 година, нешто малку пред да ја завршам комплетната обработка на археолошкиот материјал. Поради тоа оваа теза е посветена на мојот пријател чичко Џокица, единствениот геолог кој вистински ги сакаше археолозите и им помагаше до крајот на својот живот.

Детаљ од промоцијата на книгата за камените артефакти од Руг Баир
Детаљ од промоцијата на книгата за камените артефакти од Руг Баир

Тема на проучување беа сите предмети од камен од локалитетот Руг Баир кај с. Горобинци (Свети Николе). Во склад со нивните карактеристики, тие беа поделени во три главни групи: делкани, мазнети и абразивни орудија. Пристапот кон овој материјал е сведен на петрографски и технолошко-типолошки анализи преку дефинирање на основните категории и типови на орудија врз основа на морфолошки карактеристики на артефактите. Направен е обид преку научна обработка на каменот материјал, да се добие покомплетна слика за суровинските, техничките и типолошките особини на неолитската камена индустрија од овој археолошки локалитет. Резултатите од овие анализи и аналогијата/интеракцијата со другите истодобни камени индустрии во регионот, придонесе за понатамошно разјаснување на одредени процеси кои се случиле во времето на неолитот на територијата на Република Македонија, Балканот и во неолитот на Југоисточна Европа.

Отсуството на соодветна научна терминологија за именување на типовите алатки како и процесите на технологија при нивната изработка е главната причина што овој труд е публикуван на српски јазик. Во план е дополнето и печатено издание на оваа книга со соодветна терминологија, во склад со македонскиот јазик.

[youtube]W-crYPv_70o[/youtube]

Во оваа прилика изразувам благодарност на сите македонски археолози кои ми помогнаа за увид во материјалот од нивните истражувања, при изработката на овој труд. Особена благодарност упатувам на д-р. Трајче Нацев и Музејот на град Штип за отстапката на неубликуваниот материјал од археолошките истражувања на неолитскиот локалитет Руг Баир, с. Горобинци, светиниколско.

 Камена индустрија са неолитског локалитета Руг Баир (Република Македонија) – Василка Димитровска

Превземи ја книгата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име