Проектот Мармара со 2,2 билиони долари е еден од најскапите проекти во светот со кој треба да се спојат двата дела на Истанбул со подземна железничка линија. Планирано е да заврши до 2009 година, но во меѓувреме се случија некои непланирани работи, кои и се заканија на Босфорската железница.
Ако Скопско Кале е едно од најголемите археолошки ископувања било кога направено на територијата на Република Македонија, тогаш ископувањата кои моментално се случуваат во Истанбул веројатно ќе влезат во аналите на светската урбана археологија. Со 50 археолози и 750 работника, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, на површина од отприлика 10 просечни градски блока за само неколку месеца во областа Yenikapi се открија:
– Најстарата населба на територијата на Истанбул
– Најраното познато обѕидување на Константинопол
– 22 брода, вклучувајќи една Византиска галија за прв пат
Веројатно врв на овие ископувања е пронаоѓањето на масивната Византиска порта позната во историските записи како Eleutherios harbour, едно од најфреквентните пристаништа во Византија кое е датирано во времето на царот Константин.Не само што овој локалитет може да стане еден од најголемите поморски археолошки локалитети на сите времиња, туку што ископувањата продолжуваат, а дел од локалитетот ќе биде преуреден и во археолошки парк. Нели е ова урнек од кој би можеле и ние нешто да научиме.
Извори: Under Istanbul, BBC
[…] да се продолжи со работата на подземната железница, откривајќи огромно византиско пристаниште кое му се припишува на римскиот император Теодосиј I. […]
[…] […]
[…] […]