Драги мои пријатели, читатели, блогери, попатни минувачи низ мојот блог. Оставам зад себе една успешна година на блогирање и се надевам дека ќе се дружиме и понатаму.
Ви посакувам следнава година да имате илјадници причини за насмевка, а ниту една за тага.
Ви посакувам да ги искористите сите можности кои ви ги дава животот, да бидете посреќни, подобри во секој поглед, помудри, повредни и покорисни.
Да давате и да примате многу Љубов, Мудрост, Добрина, Радост и Сочувство.
Но најмногу од се ви посакувам да имате добро здравје и засекогаш да бидете свесни за квалитетите кои ги поседувате.
Срдечно
Среќна Нова 2007