Home Антропологија Публикации: Петролошка, морфолошка и функционална анализа на мазнетите и абразивните орудија од...

Публикации: Петролошка, морфолошка и функционална анализа на мазнетите и абразивните орудија од Руг Баир

3,123 views
0

Кон средината на април во списанието Geologica Macedonica (Vol. 25, No. 1, pp. 37–52), излезе мојот научен труд за ”Петролошката, морфолошката и функционалната анализа на мазнетите и абразивните орудија од Руг Баир”, во соработка со проф. д-р. Блажо Боев. За прв пат во македонската археологија во една научна студија се посветува внимание на камените алатки кои се игнорирани од голем број на археолози што од брзање и непросејување на археолошкиот материјал, а најмногу поради нивно неп(пре)познавање како недостаток на едукација.

Траги на употреба кај тесла од серпентинит (локалитет Руг Баир)
зголемување под микроскоп х40

Во трудот се презентирани резултатите од анализата на мазнетите (eng. ground stone) и абразивни (eng. abrasive) камените орудија откриени за време на ископувањето на неолитскиот локалитет Руг Баир (с. Горобинци, Свети Николе) во 1970-та година, кои денеска се чуваат во Музејот и Заводот за заштита на град Штип. Преку обработката на овие камени артефакти, се обидов да направам детаљна слика за суровинскиот материјал, вклучувајќи ги неговите петролошки, морфолошки и функционални карактеристики. На крајот ги сумирав сите атрибути на една неолитска камена збирка и ги компарирав со истовремените камени индустрии на Балканот.

Petrologic, morphologic and functional analysеs of ground and abrasive stone tools fromRug Bair, Ovče Pole …

Овој научен труд е дел од мојата магистерска теза одбранета на Универзитетот во Белград во Мај. 2011 година. Горда сум бидејќи успеав да виделина да изнесам непубликуван материјал закопан во едно музејско депо какви што ги има на тони кај нас, а најмногу се радувам дека е тоа материјал од Македонија, со што ставаме уште една важна точка за археологијата од нашата земја на светската научна мапа.

Имам прилика јавно да им се заблагодарам на колегите од Музеј на град Штип кои ми дадоа дозвола да го обработам камениот материјал од ископувањата на археолошкиот локалитет Руг Баир. Исто така се заблагодарувам на мојот ментор проф. д-р. Душан Михаиловиќ (Универзитет во Белград), како и на Драгана Антоновиќ (Археолошки институт, Белград) и Елка Анастасова (Археолошки институт, Софија) за сите дискусии и помошта која ми ја пружија при создавањето на овој труд. Посебна благодарност упатувам до мојот сегашен ментор за докторатот проф. д-р. Блажо Боев, кој ја направи петролошката детерминација на камениот материјал, како и на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот во Штип кои ми излегоа во пресрет за сите лабараториски анализи.

Референца/Reference: Dimitrovska V., Boev, B. 2012. Petrologic, Morphologic and Functional Analysis of Ground and Abrasive Stone Tools from Rug Bair, Ovče Pole Valley. Geologica Macedonica. Vol. 25. No. 1 (2011): 37-52. Štip.

Клучни зборови: Neolithic, Rug Bair, Amzabegovo-vršnik, Macedonia, row materials, ground, polished, abrasive, tools, Vasilka Dimitrovska, неолит, Руг Баир, Амзабегово-вршник, Македонија, суровини, мазнети, абразивни, камени, алатки, Василка Димитровска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here