Home Придонеси на Википедија Родова vs. Феминистичката археологија

Родова vs. Феминистичката археологија

1,708 views
0

Кога се спремав за Фемфестот во чии рамки имавме една несекојдневна дебата, како поддршка на овој настан, на Македонската Википедија поставив две статии: за Родова археологија и за Феминистичката археологија. Целта ми беше да ги поттикнам заинтересираните за овие топици да истражуваат и да размислувааат надвор од воспоставената и вообичаената претстава која ја имаме за овие теми. Интересно е што овие теми до сега воопшто не се третирани во македонската археологија, најмногу поради фактот што во неа недостасува целото клопче кое би можело да ја одмота теоретската престава за изминатите општества.

Феминистичката археологија го застапува гледиштето дека половата улога е културолошки, а не биолошки определена и дека жените долго време биле обесправени во бројни општества. Феминистичката археологија се занимава и со проучување на половата улога и нееднаквоста во археологијата како професија, со убедувањата и претпоставките за старите општества, како и со создавањето на знаењето каде доминантна е машката перспектива. Па сепак, не сите археолози, вклучени во проучувањето на половите, се феминисти.

Феминистичката археологија е всушност една гранка од теоретската археологија која ја поставува жената во центарот на своите истражувања, употребувајќи ја родова теорија како позадина со чија помош се дискутира за доказите, поврзаноста и рамките на феминистичките перспективи.

Меѓу другото, на нашиот веб има уште еден фем блог (покрај оној веќе познатиот на Фемгерила), само што Кика од мене непознати причини за жал не пишува многу често.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here