Home Интернет Како да придонесеш за наследството на Република Македонија

Како да придонесеш за наследството на Република Македонија

2,791 views
0

Упатувам молба до сите љубители на нашето културно и природно наследство, доколку имаат желба да ги споделат своите дигитални фотографии на Википедија на македонски јазик. Живееме во дигитална ера кога сите имаме фотоапарати или камери и постојано ги документираме настаните, ситуациите, објектите, луѓето или природата околу нас. Овие фотографии најчестo ви седат по хард дисковите на вашиот домашен комјутер, но на овој начин ќе станат јавно добро, употребливи и достапни секому на интернет. Можете да ми се обратите за инструкции како да го сторите тоа самите или пак јас или некој друг корисник на Википедија на македонски јазик ќе го сториме тоа наместо вас.

За да се поедностави целата постапка, можете да ги подредите вашите фотографии во фолдери по објект или по град, да ги зипувате и да подигнете на рапидшер или некој друг сервер преку кој може слободно да се споделува. Во коментар на сајтот или на мејлот info@arheo.com.mk пратате ми го само линкот, а за останатото ќе се погрижиме заедно со корисниците на Википедија на македонски јазик вашите фотографии да бидат дел од оваа енциклопедија, сметени по категории и вгнездени во соодветните статии на кои се однесуваат. Доколку имате желба, може како автор на фотографиите да не се потпишете, да бидете наведени со име и презиме или под псевдоним. За оние кои сакаат самите да го сторат тоа, бидејќи е лесно, можат да ме контактираат на мејл или во коментар. Благодарнст до сите луѓе кои споделуваат информации по пат на отворен пристап. 🙂

Only sharing is caring for our heritage! 🙂

Добредојдовте на сајтот на слободната енциклопедија на македонски јазик.

Добредојдовте на Википедија!

п.с. еве како изгледаат 2 галерии на мои фотографии за Иса Беј џамијата во Скопје и Резерватот Јасен, потоа вгнездени во соодветна статија на Википедија на македонски јазик.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here