Дома Археологија Мојот настап на претстојната конференција E-society 2009

Мојот настап на претстојната конференција E-society 2009

2,390 views
0

Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк 2009 која ја организира Фондацијата Метаморфозис под работен наслов: Јас Медиум, ќе се одржи во Скопје, Република Македонија, на 2-3 декември 2009 година.

Со оглед на доглогодишната активност како блогер и мојот неодамнешен обид со алатките на новите медиуми да лобирам за спасување и зачувување на нашето културно наследство, добив понуда да бидам дел од сесијата насловена како: Активно граѓанско учество и локална демократија.

На E-society 2009 ќе настапам во име на Викимедија Македонија, која е огранокот на фондацијата Викимедија за Република Македонија. Ова е граѓанско здружение кое работи во согласност со законот за граѓански здруженија и фондации, основано е на 13 март 2009 во Скопје, а огранокот е одобрен од фондацијата Викимедија на 21 септември 2009.

Јас, Волан и Вуна – дебата со блогери на E-society 2006

Неофицијалниот наслов на моето изложување ќе биде New Media – Cultural heritage prеservation insomnia (или можеби варијантата New Media – Cultural heritage protection insomnia) и во десетте минути колку што се предвидени за секој презентер, ќе говорам за неодамнешниот случајот со уништувањето на археолошкиот локалитет Градиште кај Демир Хисар, од страна на мобилните оператори.

Сите заинтересирани за учество на конференцијата може да се регистрираат преку апликацијата за пријавување, особено што ќе има интересни предавања и тркалезни маси со дебати каде најверојатно тет-а-тет ќе седнат блогерите и претставниците на мејнстрим медиумите.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име