Пред повеќе од една година со дозвола од издавачот, на мојот канал на youtube го поставив видеото REPUBLIC OF MACEDONIA – The land of COLOURS, чии авторски права се во сопственост на издавачката куќа Zona од Скопје, а музиката е на Драган Даутовски. Во рок од 15 месеци видеото е погледнато 32 886 пати, 411 пати било рангирано, 218 пати било фаворизирано и под него има 467 коментари.
Едно време (секако безуспешно) се обидував да ги модерирам коментарите кои претежно се состоеја од националистички испади со политичка позадина, иако самото видео ги претставува убавините на Република Македонија и воопшто не дава повод за такво однесување и третирање. Во меѓувреме видеото беше линкано по блогосферата, постирано на разни сајтови, форуми и претежно балкански туристички портали за што сведочат линкови под него со по колку кликови од кој сајт е пристапено.
Неодамна youtube направи апдејт на својот сајт и покрај благодетот видеата да се отвораат веднаш без сецкање и чекање, на корисниците им беа овозможени дополнителни статистички податоци. Така под нив може да се прочита дека на видеото претежно коментирале мажи од Балканот на возраст од 35-54 години, како и референтни линкови кои водат до него. Исто така секој корисник во својот инбокс има пристап и може да се симне репорт во форма на ексел документ но најмногу за последните 31 ден, а не и за останатиот период со податоци за Date, Region, VideoID, Title, Source type, Detail, Referred views.
А еве и една малку подетална демографија за ова видео
Technorati Tags: land, colours, nature, culture, heritage, Macedonia