Home Интернет Културното наследство има потреба од дигитална визуелизација – интервју

Културното наследство има потреба од дигитална визуелизација – интервју

1,416 views
0

Денес славам почеток на 14та година откако мојот сајт Археоблог е хостиран на MKhost – бр. #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија. Како индивидуалец, услугите на МКхост ги користам скоро 14 години, од самите почетоците на компанија кога го создадов „Археолошки дневник“, свој личен веб сајт којшто сѐ уште постои и претставува интернет катче каде редовно ги запишувам своите размисли за археологијата. Со ХАЕМУС повеќе од осум години ги користиме услугите на МКхост за сите горенаведени активности и веројатно оваа наша лојалност говори многу повеќе од било која препорака. За оваа деценија и пол имам огромен број напишани текстови (преку 2500), многу награди и најмногу од сѐ, фидбек од читателите.

Упатувам благодарност до Ванчо Орданоски од Инфопроект кој своевремено пред многу години успеа да ми спаси барем пола од она што беше дотогаш напишано и да го мигрира на оваа моја нова платформа. Фала им на сите што го поддржуваа Археоблог кога беше најпотребно. 

Нешто пред Нова година дадов интервју за MKhost кое се објави на нивниот официјален блог. Во интервјуто раскажувам за значењето на интернетот во развојот на граѓанските организации во Македонија и за мојот развоен пат на интернет, од Археоблог до ХАЕМУС. Прочитајте повеќе на линков!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here