Home Архитектура Семантичка архитектура – Серијал за Саат кулите во Македонија

Семантичка архитектура – Серијал за Саат кулите во Македонија

1,464 views
0

 

Дали само Лондон и Венеција имаа познати кули со саати?

Она кое што ме натера да трагам по Саат кулите во Македонија, како дел од профаната архитектура на нашето минато и секојдневие, е веста дека во Мека ќе биде изградена ,,најголемата Саат кула во светот“. Дали некогаш сте се запрашале имаме ли ние (можеби не толку славни) Саат кули како веќе споменатите? Исламизацијата на овие простори од 14 век па во следните 500 години, оставила значителни траги во вид на џамии, теќиња, минариња, беговски конаци и др., што на градовите од тоа време им дало преопознатлива ориентална архитектура.

Москва Лондон Венеција

Но еден уште позначаен белег на овие новоформирани градови му даваат и Саат кулите обично изградени од страна на христијанското население во 18 или 19 век (иако има и постари) во близнина на џамијата во чаршијата. Така, покрај времето, тие го потенцирале рамноправниот управен и духовен статус на еманципираното граѓанство на староседелците.

Сите овие горенаведени објекти на кои можат да се додадат уште и тврдини, кули, анови, амами, мостови, кули, чешми и др. представуваат симболи на една профана архитектура со типична слика од средновековните градови.

Меѓу другото, некои од овие објекти со текот на времето станале ,,просторни репери” и ориентири задржувајќи си ги основните карактеристики на автохтониот топоним. Останале во сеќавањето на луѓето со генерации и се пренесуваат усно како дел од културното но и од ,,урбаното” наследство.

Не постои град во Македонија во кој не е изградена специфична автентична Саат кула. Од она кое можев да го откријам читајќи, за повеќето од нив понекогаш не се знае точното датирање, бидејќи се честопати поправани и преправани. Сепак секоја Саат кула му дава карактеристичен белег на градот во кој се наоѓа, и независно дали се уште постои или не, ќе биде спомената во Серијалот за Саат кулите во Македонија. На сите оние кои ме читаат ќе им бидам благодарна ако за слики или видео клипови ме контактираат на мојот мејл.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here