Дома Археологија Изложба на монети за минатото на Скопје

Изложба на монети за минатото на Скопје

1,233 views
0

 

„Парите – сведоштво за минатото на Скопје“ е насловот на изложбата што вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во Музејот на град Скопје. Преку изложените монети и банкноти од нумизматичките збирки на овој музеј ќе биде презентирана долгата историја на Скопје, а Музејот ќе се вклучи во одбележувањето на јубилејните 15 години од монетарното осамостојување на Република Македонија. Изложбата ќе ја отвори археологот Вера Битракова-Грозданова. Во поставката ќе бидат опфатени сите историски периоди на урбано живеење – од античкиот период, кога градот бил основан како римски град Скупи, преку средновековието кога кога развојот продолжил на Скопското кале, низ следните неколку века од османлискиот период и бурните случувања во Македонија во 20 век, кога се смениле владетели од разни етнички и географски потекла. Изложбата ја подготвија археологот Марина Ончевска-Тодоровска, историчарките на уметноста Драгица Живкова и Снешка Лакалиска и историчарот Стоиле Трајковски.

Веста е во целост превземена од Дневник

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име