Home Тотална станица Вовед во Серијалот за Тотална станица (1)

Вовед во Серијалот за Тотална станица (1)

1,737 views
0

На 29-авг-2006 напишав

Е па како ми е на Винча..Хм.. Копаш по features и по unites кои ти се некакви логички целини во склоп на локалитетот. Точките кои се викаат EDM (electronic device measuerement) ѓи наоѓаш со помош на тотална станица. Со нив можеш да измериш 3D конфигурација на теренот, да правиш отварање и затварање на тие исти features и unites. Да лоцираш Ц наоди, т.е. артефакти од посебно значење и да зимаш точки за флотација. Тоа што го работиш, го пишуваш на посебен лист на кој треба да стои твој коментар и број на фотографија. Потоа и тоа оди на компјутер. Нема скици и цртежи и слична папирологија туку постои ортофотографија како пропратен елемент на ископувањето. Значи сума сумарум комплетна дигитална археологија.

 

Со овој текст го отварам Серијалот на постови кои ќе следи, а кој е наменет за употребата на Тоталната станица во областа на археологијата, како и проблемите со кои се соочува македонската археологија при примената на истата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here