Дома Тотална станица Mакедонската археологија и употребата на Тоталната станица (5)

Mакедонската археологија и употребата на Тоталната станица (5)

1,902 views
0
Во предходните текстови можете да прочитате што е тоа Тотална станица и зошто служи,  а овдека би се осврнала на некои тековни проблеми на Македонската археологија во однос на Тоталната станица и софтверските пакети потребни за обработка на податоците добиени од неа..

На изминатиот 19 симпозиум на МАНД во Делчево, со колешката Е. Канзурова се обидовме на нашите колеги да им ја предочиме важноста од примената на Тоталната станица при Дигиталната теренска документација. Како и по обичај наидовме на мал отпор, но од психолошка гледна точка се знае дека се што е ново и непознато кај луѓето предизвикува страв кој претежно се должи поради непознавање на материјата.

И тогаш кажав, а и сега ќе напишам. Тоталната станица не е нешто скапо  (повелете сами уверете се) да не можат да си го дозволат археолозите (посебно институциите) во Македонија. Но постојат други два огромни проблема со кои реално се соочува македонската археологија. Првиот е што треба да се обучат луѓе за работа со овој инструмент, што не е краткотраен процес од 1 месец, туку изискува време, трпение и ако не повеќегодишна, тогаш бар повеќе месечна континуирана работа.

Вториот проблем е софтверски пакет, еден од стотиците кои постојат за оваква намена, со кој исто така треба да работат археолозите кои претходно се едуцирале за таа намена.

Во моментов на прсти се бројат колегите кои имале близок контакт од трет вид со Тоталната станица и се надевам дека оваа ситуација во иднина ќе се смени на подобро. Сметам дека се ова глобални проблеми со кои се соочува македонската археологија, преку кои не може да се помине туку така. Потребни се навистина промени од корен. Тие веќе започнаа, но останува да го видиме крајниот резултат.

Ако искуцате на гугл Тотална станица, ќе видите дека постојат цел куп на институции кои веќе го користат и применуваат во својата работа овој инструмент. Можете дури и да ги видите низ државава како мерат и премеруваат. Но за жал, меѓу нив не спаѓаат и археолозите. Единствен археолог кој зборувал во јавноста за неопходноста на Тоталната станица, а кој можам да го цитирам со линк, е Виктор Лилчиќ. Од она кое сум можела да го доживеам како сопствено искуство, испаѓа дека археолозите во Македонија се единствените на Балканот и во Европа кој не ја користат Тоталната станица што е навистина штета бидејќи нуди огромен избор на опции, а добиените резултати се повеќенаменски и прилично практични.

Оваа слика е еден куриозитет кој можевме да го доживееме на ископувањето на Винча. На фотографијава можете да ја видите споредба помеѓу првиот нивелир кој го користел Милоје Васиќ на ископувањата на Винча во првата половина на 20 век, и Тоталната станица, цел еден век подоцна.

Текстови од истиот серијал:

* Вовед во Серијалот за Тотална станица (1)
* Што е Тотална станица (2)
* Софтверски програм за Тоталната станица (3)
* Тотална станица —> ArcheoPack (4)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име