Што е вистина, а што реалност?…Наместо дебата јас напишав еден расказ, но кој како го свати. На крај заклучокот беше дека вистинска е онаа реалност која носи последици, сеедно од каков тип е таа.
Ме бендиса именувањето на бугарскиот блог Jones кој се бави со археологија. Описот на блогот носи наслов:
,,Археологията търси факти… а не истината.”

А јас ќе додадам, ама не било какви факти, туку арт-е -факти.
А кога сме веќе кај вистинската реалност се поставува прашањето, дали отсуството на докази е доказ за отсуство? На идентитетот…
Ќе се надоврзам на мојот претходен пост. И овдека прашањето е реторичко. Не морате да го одговорите. Но барем размислете за тоа.