web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Haemus Journal
UNESCO Club HAEMUS
My pages and blogs

Blog in english

Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community

Archive for the ‘Етно-археологија’ Category

PostHeaderIcon Видео – Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век

На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот во City Hall, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век“ на проф. д-р Никос Чаусидис, во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје.  На настанот присуствуваа повеќе од 250 посетители.

Тема: „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век“

Повод: Последниве години во нашата средина се водат дискусии околу идентитетот на современиот македонски народ, особено прашањето дали тој, гледано историски, започнува во средниот век со доселувањето на словенските народи на Балканот или може т.е. треба да се врзува за постарите антички балкански популации. При тоа, аргументите на овие дилеми се бараат во неколку сфери т.е. рамништа: генетиката, јазикот, политичката историја и т.н. Ова предавање не е насочено кон аргументирање на ниту една од овие концепции, туку тежнее да го покаже уделот на религиите во милениумското конституирање на индивидуалниот и колективниот идентитет на жителите на Македонија. Авторот ќе се обиде низ неколку најилустративни примери да покаже дека некои митско – религиски структури можат да се следат на оваа територија континуирано од праисторијата до денес, некогаш во траење и од 7 000 години. Станува збор за архетипски феномени кои не само што се транс-временски, транс-културни и транс-национални, туку се и транс-религиски. Тие слободно преминуваат од една во друга култура, од една во друга религија, менувајќи ги само своите формални обележја, при што нивните суштински и трајни симболички и семитоички нишки можат да се следат од век во век и од милениум во милениум.

Инфо за предавачот: Никос Чаусидис е археолог, професор на Институтот за Историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (Скопје). Неговиот научен интерес е насочен кон семиотичките истражувањето на ликовните и материјалните манифестации на митот и религијата во древните и архаичните култури воопшто и особено на територијата на Балканот. Автор е на неколку монографии и над стотина научни трудови кои припаѓаат на сферите на археологијата, етнологијата, антропологијата и семиотиката.

Повеќе информации за авторот:
https://ukim.academia.edu/NikosChausidis

Предавањето всушност го организираше УНЕСКО клуб ХАЕМУС, една од филијалите на ХАЕМУС, под мотото на УНЕСКО ,,Отворени образовни ресурси” (ООР). Настанот беше подржан од Алијанса за ООР која претставува група составена од поединци, организации и институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност за создавање и користење на ООР во Република Македонија. Повеќе за Декларацијата за ООР на Македонија види тука.

PostHeaderIcon Colonia Flavia Scupinorum или Среќна Нова 2014 со колективната меморија од нашето минато

2014 NY card - Vasilka Dimitrovska

Како што е ред, секоја година на сите мои драги пријатели, читатели, колеги, блогери, роднини, попатни минувачи низ мојот сајт, како и оние кои ми даваат поддршка на било каков друг начин, им посакувам Среќна Нова Година. Но после толку многу години традиционални честитки за успех и добро здравје, решив оваа 2014 година да ја започнам и со една поинаква честитка. Честитка чии невидливи кодови се вткаени како приказна во нашата колективна меморија. Честитка која заслужува да биде испратена до сите истражувачи и љубители на културното наследство ширум светот. Честитка стара околу 2000 години …

Scupi - Exibition 2007-2013

Наоди од Скупи,  Ретроспективна археолошка изложба 2007-2013 Музеј на град Скопје (фото © ХАЕМУС)

Поради природата на мојата работа како археолог и како некој што се занимава со промоција на културното наследство во поширока смисла на зборот, честопати имам прилика да бидам во текот на сите најнови откритија, случувања и публикувања од оваа сфера. Затоа како мој новогодишен поклон решив да споделам една серија на текстови за археолошкиот локалитет Скупи, кои беа издадени во списанието Културен Живот бр. 3-4/2012. Се работи за трудови напишани од мои колеги кои долги години се дел од археолошкото ископување на Colonia Flavia Scupinorum и  научните текстови опфаќаат еден широк дијапазон при обработка на разните видови археолошки наоди откриени низ годините. Или што би рекла мојата колешка м-р Ленче Јованова, еден од раководителите на ископувањето на Скупи: ‘За да се разберат содржината и суштината на приказната, да се реконструира реалниот живот на минатото, неопходно е да се употреби голема имагинација која ќе ги оживее творештвото, креативноста, емоците, мислите, сетилата, соништата, стремежите на некогашните жители на Скупи – наши претци, чии судбини се нераскинливо вградени не само во археолошките остатоци, туку во самите нас и нашата колективна меморија‘.

Честопати се прашуваме каде ли заминуваат сите нераскажани приказни за археологијата? Не заминале никаде, тие се тука и ве очекуваат да ги споделите со светот. Да ги носите гордо како печат на времето и симбол од местото од каде што доаѓате, за никогаш да не си ги заборавите вашите невидливи корени.

Мојот примерок од водичот за Colonia Flavia Scupinorum (Scupi) од 2008

Мојот примерок од водичот за Colonia Flavia Scupinorum (Scupi) од 2008

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Пребарувај по сајтот
Follow my research

SVPINI ROMANI
HAEMUS E-Shop



Моја книга за Руг Баир
Категории
Архива