1st March 2010

Мартинки – Среќна Баба Марта

Во народниот календар на Шопско-Брегалничката етнографска целина, овој празник, речиси секогаш се поврзува со приказната со познатиот мотив за смрзнувањето на бабата, која ги истерала своите кози и јариња на планина да пасат, неплашејќи се од студот. Tаа дури и се подбивала со Сечко: ,,Тиц коза јарина, серам Сечко брадина”.

Пред две години во бројот 22 на весникот од општина Аеродром (стр.8,9) прочитав како градоначалникот на оваа општина за 1 март во училиштата делел мартинки. Од древнините до денеска овој обичај кај македонскиот народ се задржал делумно во одредени региони. Според сведоштвата на македонските блогери, како и коментарите кои ги добив на мојот блог и профилот на фејсбук, овој обичај бил запазен во Преспа, во Скопје, во Струмичко, како и кај македонците кои живеат во Егејскиот дел на Македонија, Солунско, Костурско и Воденско.

Поради одредени активности кои ги превземала владата додека Македонија вила во рамките на поранешна Југиославија, кај луѓето кои не го практикувале овој обичај во рамките на својата фамилија, постои верување дека мартинките се бугарски обичај, со кој не би се сложила. Мојата баба која дошла по Втората Светска Војна од Егејскиот дел на Македонија (Солун) овој обичај го донела со себе и мојот татко памети како им плетела мартинки за да ги носат на реверот од кошулите или евентуално околу раката. Обичај кој таа го наследила од својата мајка, а таа од својата баба … Мојата мајка која е од Скопје исто така како мала памети дека добивала на поклон мартинки од нејзината баба од Тетово или пак посебно носени од Бугарија.

Кога бев дете, мојата мајка ми врзуваше Мартинка, како симбол на доаѓањето на пролетта. Не сите во комунизмот се плашеа и бегаа од старите обичаи :) . Ова не е стар, туку древен македонски обичај а корените му се далечни, антички. Истото го правам, со моите синови денес. Впрочем и во македонската народна носија преовладуваат белата и црвената боја. Овие две бои се присутни во целиот македонски фолклор.

Коментар на блогерката Fortuna

Ме заинтригира еден коментар оставен на еден блог од извесен бугарски читател (за жал повеќе не постои поради менувањето на платформите) кој тврдеше дека мартинките се исклучиво уникатна бугарска традиција. Ова предубедување за бугарското потекло на мартинките пред се е поради фактот што овој стар обичај додека останал жив во Бугарија, бил сосема подзаборавен од граѓаните на Република Македонија и напуштен некаде кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од 20-от век за времето на комунизот кога се забранувале или рестриктирале поголем број од духовните обичаи почитувани на оваа територија со столетија.

Kупувам мартинки  пред да појдам на изложбата на Пикасо
Софија, 14 Maj 2009

Но за среќа би рекла дека носењето на мартинките во Бугарија познати како Мартеница, Романците под името Mărţişor го сметаат пак за свој древен обичај кој бил почитуван на територијата на Трансилванија, Бихор, Банат и Добруџа, па се до Молдавија, вклучувајќи ја и неа.

Kога бев мала(крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите редовно имав маритинка (кај нас ги викаат мартенички), ама едно ми е мистериозно-никако не знам кој и од каде ги носеше. И во струмичко се подразбираше да имаш мартеничка во март. Мама исто така ја раскажуваше прикаската за Марта и Сечко, дека Марта е единствен женски месец и не знае каков чешит да се направи (во смисла на променливоста на времето). Таа велеше: трс коза планина, серам Сечко брадина! I Сечко пуштил голем студ и Марта се смрзнала со козите некаде (некако ми е во сеќавање како да има во струмичкиот регион предел каде има камење кои се Марта и козите).

Се си мислам дека мама ја врзуваше мартеничката на некое од дрвјата во дворот. И мартеничките ги носевме на школо, нема врска комунизмот дека ги забранувал. Јас не потекнувам од егејскиот дел, а мама ги знаеше тие приказни уште од дете. Сакам да кажам дека веројатно е регионален обичај. Инаку, од моите пријатели од Бугарија секој 1. Март добивам честитка со текстот: Честита прва пролет. и мартеничка, се разбира. Денес мислам дека децата не носат веќе мартенички.

Коментар на блогерката lepangelina

Според одредени верувања ова легенда своите корени ги влече уште од антиката (1,2) иако неоспорен е фактот дека таа била почитувана на целиот Балкан, најисточно вклучително со регионот на Охрид чии траги останеле во помнењето на луѓето за да бидат преточени во песна. Толкувањето на овој празник потекнува оттаму дека Ксантика бил празник на природата, пролетта и цвеќињата, светлината и љубовта, празник на духовноста и убавината, будење на енергијата и почетокот на новиот живот.

Во Благоевградско, Малешево, Пијанец, Осоговија и Lакавица, постои обичај на eден вид на правење амајлии, познати под името ,,мартинки”, a поретко и како ,марти”. Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката. Кога се носи мартинката, таа не треба да се гледа, односно не треба да ја види сонце – ,,за да не те изгоре сонцето преку лето”.

Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Генрално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Секако дека постојат варијанти на тема, но ова е основата на обичајот.

Би сакала да го слушнам мислењето посебно на повозрасните луѓе кои ја паметат оваа традиција, бидејќи многу малку е останато во записите. Дури и на интернет кога ќе побарате, едвај ви дава по неколку линка за оваа тема, и тоа претежно од нашето совремие.

Мартинки

Мартинки од личната колекција на мојот брат


Останатите цитатите во текстот се превземени од статијата на Зоранчо Малинов, Традицискиот народен календар на Шопско-брегалничката етнографска целина (Скопје: Институт за фолклор “Марко Цепенков”, 2006). Фајлот може да се симне тука.

И за крај, како што велат адетите,

Среќен 1 Март

Среќна Баба Марта

Bookmark and Share

posted in Антропологија, Артизани, Археологија, Етно-археологија, Политика | 4 Comments

28th February 2010

Carnival in Strumica 2010

“Every year with centuries, in a small city in the most southern part of Macedonia, there is a Carnival. The Strumica carnival has a long tradition with centuries and it was mentioned by the traveler Evlija Chelebija in 1670. The word Carnival is derived from from the Latin carne – meat and vali – goodbye, meaning ”goodbye meat”, which associates the beginning of the fast, in this case the Lenten Fast.”

Trimeri is a very old Christian custom which was practiced a long time ago, from the beginning of Christianity. The name derives from the Greek words ”tris meres”, which means ”three days” according to the length of the beginning of the Lent. Trimeri is a movable feast and it starts after the Day of Forgiveness (Prochka), the first Sunday of Eastern Lent. The Day of Forgiveness according to the Orthodox Church is a feast which precedes the Honorable Fast Season (Great Lent), the greatest fasting period which prepares all Christians for the greatest feast of the church year, Easter. Also in Macedonia there is another carnival for the Day of Forgiveness (Prochka) in a city of Prilep.

This year, according to the media, there were over 50,000 visitors which followed the parade throughout the streets and the town square of Strumica, and about 2,500 masked individuals took part in the event (from Macedonia, Bulgaria, Serbia, Albania, Turkey and Finland). Last Tuesday together with my friends I was a part of this very successfully organized carnival and enjoyed in the masks diversity and the magnificent creations. The Strumica carnival is an international event and since 1995 has been included in the family of carnival cities, i.e. the Federation of European Carnival Cities.

Linkhttp://www.strumickikarneval.com/

All Images property of http://interpreter.blog.mk
Last one is property of http://kosturanov.com

Bookmark and Share

posted in English, Етно-археологија, Културно наследство, Настани, Религија | 0 Comments

26th February 2010

Атлатл

Човекот е суштество кое нема ниту оштри заби, ниту способност да трча брзо за да се заштити од напаѓачите. Со оглед дека ги нема истите физички квалитети како животните, тогаш што е тоа што го направило супериорен предатор на планетата Земја? Секако, природната способноста да се фрла и убива од далечина.

Луѓето имаат потреба да фрлаат со разни предмети кога се нападнати или кога сакаат да нападнат. На почетокот тоа било со дрва и камења, а подоцна почнале да се употребуваат алатки како што е Атлатл или фрлачот на копја. Според археолошките докази иако првите копја за сега најрано се сретнуваат околу 400 000 год. п.н.е. на локалитетот Schöningen во Германија, атлатлот како техничка направа не почнал да се употребува се до крајот на Леденото доба. Првите наоди доаѓаат од културата Магдалениен, околу 15 000 год. п.н.е. Се сретнуваат и кај палео-индијанските култури и кај Абориџините.

Пред некое време Џаман ме потсети на оваа практика на фрлање дрва и камења кај некои индивидуи со низок коефициент, која е задржана до денешен ден. Можеби како ”антиквитет” од капацитетите што ги поседувале одамна исчезнатите наши предци.

Клучни зборови: atlatl, weapon, paleolithic, distance, killing, атлатл, оружје, палеолит, далечина, убивање

Bookmark and Share

posted in Антропологија, Археологија, Етно-археологија, Палеолит | 0 Comments

22nd February 2010

Најстрата пивска кригла од Прва Парна Пивоварна

Во жаргон на територијата на старо Скопје, од Дебар Маало па до Кисела Вода и од Бит-Пазар па се до Буњаковец, отсекогаш за пиво се викало ‘бира’. Зборовите пиво и пивара/пиварница како термини се воведен многу подоцна, но и покрај тоа старите скопјани и ден денес кога сакаат да се освежат на летните горештини велат: “Ај да бапнеме по една бирка” :)

На фотографијата се наоѓа оригинална пивска кригла која потекнува од 1908 година која ја пронајдов во едно од скопските кафулиња во денешно Дебар маало. Според мислењето на музејските кустоси како и луѓето кои се бават со антиквитети, овој артефакт е веројатно единствениот сочуван примерок од тоа време. Пивската кригла потекнува од пиварата “Прва Парна Пивоварна”, која била лоцирана кај денешната општина Бирарија и била една од настарите пиварници на овие простори.

Во минатото во Скопје, најсакан пијалак било пивото, слаб алкохолен пијалок со 2,5 – 4% на алкохол. Основни суровини за негово производство се јачменот, хмелот и водата. Во минатото, најголем производител на пиво во градот Скопје била Парната пивара. Пиварата Бирарија била изградена околу 70-тите год. на 19 век во маалото Бирарија.

Посебен вид на алкохолен пијалак било домашното пиво “аловина”. Тоа се приготвувало со киснење и набубрување на јачмен или овес, потоа се сушело и се мелело за да се добие брашно. Од добиеното брашно се замесувало тесто со студена вода и се ставало на дното на некој сад. Врз него се поставувал вжарен камен и веднаш потоа садот се полнел со врела вода, по што доаѓало до вриење, односно ферментација. Така се добивал жолтеникав пијалак со вкус на денешното пиво

(од сајтот Старо Скопје)

Малку повеќе време ми беше потребно да пронајдам каде се наоѓала некогашната општина, а сега месна заедница во Скопје, именувана како Бирарија. Мештаните ја нарекувале и Стара Бирарија. Потрагата по информациите започна од сајтот на општина Кисела Вода, каде Бирарија се води како една од нивните месни заедници, со седиште лоцирана на улицата Томе Арсовски б.б. Со денешни архитектонски репери тоа би била реонот помеѓу улицата Огњан Прица и црквата Св. Петка.

Практично улицата Томе Арсовски која би можела според описот да се поистовети со старата скопска општина Бирарија минува покрај црквата Св. Петка, но завршува пред неа. Мојата мајка е израсната на улицата Огњан Прица, но не се сеќава дека било кој топоним во околината го нарекувале Бирарија. Името потекнало од фабриката за пиво, но со годините се изгубило од помнењето на луѓето.

Цртежот залепен на самата кригла најверојатно ја претставува како игледала фабриката за пиво “Прва Парна Пивоварна” во 1908 година. Еден широк пат води до управната административна зграда на три спрата, а од неговата лева и десна страна се наоѓаат грижливо уредени градини. Патот минува под самата зграда во форма на тунел и води директно до задното затворено двориште на фабриката кое од сите страни е фланкирано со објекти. Со оглед на сегашната местоположбата на општината, т.е. месната заедница Бирарија, претпоставувам дека зеленилото во позадина најверојатно е планината Водно.

Сликата во однос на конзумацијата и навиките за пиење на пиво ниту денеска не се променети кај Македонците, со оглед на количините кои годишно ги произведува Скопската пиварница како и другите пиварници низ Македонија. Придружени со Пиво фестивалот во Прилеп, а во последните години и во Скопје. Денеска пивото може да биде точено или флаширано, можете да купите од првата продавничка до вашиот дом, а на шишињата да сретнете лепеза од имиња на разни историски личности. Ама ете малкумина знаат дека честа први да пијат индустриско пиво ја имале старите скопјани кои својот омилен пијалок го набавувале од првата фабрика за пиво во Македонија, Прва Парна Пивоварна. Пивото исто така е универзален омилен “напиток” кај археолозите. Вклучувајќи го и авторот на овие редови. :)

Bookmark and Share

posted in Антропологија, Археологија, Етно-археологија, Историја, Културно наследство | 0 Comments

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes