Дома Антропологија Фестивал на археолошкиот филм и културното наследство во Македонија

Фестивал на археолошкиот филм и културното наследство во Македонија

2,517 views
0

Деновиве во Белград започна 13-от Меѓународен фестивал на археолошкиот филм, кој традиционално се одржува во Народниот музеј во Белград. Фестивалот за прв пат е организиран во 1998 година, нема натпреварувачки карактер, и од самиот почеток бил замислен да се прикажат најновите достигнувања во продукцијата на документарниот филм. Белград е еден од ретките европски градови, чија културна заедница има можност да се запознае со најновите филмски остварувања во областа на археологијата и сродните дисциплини, а годинава ќе биде прикажан и документарниот филм од Република Македонија насловен како ”Сочувување на светото културно наследство” во режија на на Оливер Бранковиќ, а во продукцијата на НВО Македонида.

НВО Македонида од Скопје е здружение за валоризација, популаризација и педагогија на културното наследство. Во последните неколку години, тие се обидуваат да укажат на сите пропусти кои (не) се направени при заштитата и конзервацијата на културно-историските споменици, пред се’ оние од Византискиот и од Отоманскиот период. Со подршка од многу екперти по културно наследство, Македонида во 2011 година го реализираше во сопствена продукција документарниот филм ”Сочувување на светото културно наследство” на македонски и на англиски јазик, кој во изминатиот период одеше на неколку локални и национални телевизии.

Познат факт е дека ситуацијата со многу споменици во Македонија е алармантна, а во овој документарец Македонида се концентрираат на неодамнешната (ре)декорација на Мустафа Пашината џамија, како и отсуството на заштита и конзервација на црквите Богородица Перивлепта во Охрид и Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане.

Многу пати до сега сум пишувала и сум давала изјави во медиумите за односот кон нашето богато архитектонско наследство. За жал, додека создаваме нови историски вредности, они старите, вистинските, автентичните, ни пропаѓаат и бледнеат пред наши очи. Начинот на кои самите ќе се справиме со сопственото културно наследство е една од ставките кои ќе ја одредат судбината на Македонија за влез во ЕУ, кон која галопирачки се обидуваме да се стремиме додека повеќето од нејзините држави го негираат нашиот идентитет, име и историја. Истата таа судбина ќе одлучи и за соработка и со Европските и светските културни институции, како и финансиите кои можат да се добијат за да спасиме дел од ова светско богатство.

Линк: Нова Македонија: Светот ќе ја види нашата негрижа за културните споменици

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име