Дома Архитектура Утрински весник бира – Седумте чуда на Македонија

Утрински весник бира – Седумте чуда на Македонија

1,276 views
0
Веќе некое време Македонија бира свои ,,седум чуда на архитектурата“. Поточно, според иницијативата на Утрински весник, нејзината редакција се консултирала со адекватни стручњаци чие име не е наведено и следствено на тоа ја даде следната изјава во јавност:
Во подготвувањето на предлозите, Редакцијата се консултираше со признаени авторитети во областа на архитектурата и уметноста, така што предлогот за избор што го имате пред вас е премеруван повеќе пати и се оценувани вредностите на секоја од 24-те градби.

Не знам дали Утрински спровеле некаква пред-анкета помеѓу своите читатели (чисто заради консултација) пред истата да ја пуштат во оптек на интернет, но морам да забележам дека имаат доста недостатоци, помеѓу кои се провлекува и по некој катастрофално сериозен. Се мислело на анкетава, во ред, ама не се размислило до крај. Ќе бидам блага во критиките па ќе искоментирам само дека знаеме кога анкетата започна, но не поради пропустот да се стави датумот на нивната веб страница, туку само заради тоа што некои од блогерите пишаа за неа. Понатаму не знаеме кога е дефинитивниот дед лајн за гласање, не сме запознаени кој споменик е во предност, ниту пак кога ќе заврши изборот.
Потоа, зошто да се гласа само за три објекта, а не за седум колку што се бираат и кое е објаснувањето што нема нуту еден архитектонски објект од современ тип? И што е уште пострашно, како може анкетата да не е достапна на уште еден странски јазик, барем на англиски. Колку што знам, оние блогери кои се од нашата дијаспора, а ги има доста, се исто така живо заинтересирани за резултатите. Па на Утрински ќе им предложам да контактираат некои од нив, во прв ред Royal fantasy, која ја има соодветно преведена анкетата на нејзиниот блог, и да го превземат од неа преводот или да постават линк. Или нека си го преведат текстот. Или во краен случај нека се покријат преку глава и нека се скријат некаде ако не сакаат да пораснат и да извлечат паметен заклучок.
Соодветно на ова, да напоменам дека нејзиниот текст е поставен на кајмакот и за него може да се гласа. Мене лично ми се допадна трудот коj го вложила, за разлика од Утрински на кои им е тоа обрска да го направат.
Некои под објектите за кои може да се гласа
Искрено, не ги гледам крајните бенефиции на целата оваа прикаска бидејќи Македонија не е во позиција за селф промоушн од ваков тип во овој транзициски период, туку и се потребни пари за да си го зачува и заштити и она преостанато богатство кое е на изумирање и бледнее пред нашите очи. А напишале ли Утрински колку од овие објекти се пред распаѓање, се санираат, се конзериваат, се крпат и се во ужасна состојба? Можеби заборавиле, па да ги потсетиме. Сакаме да ја гледаме само светлата страна на работите, заборавајќи ги оние најтемните моменти. Но во природата се оди во пар, а не како кај нас, во распар.
Има уште многу, но да не претерувам. Во секој случај, во долниот десен агол на блогот поставив банер кој ве води директно до анкетата и ќе стои се додека таа трае. И покрај мојот критички став кој сметам дека е неопходен, акцијата на Утрински е за поздрав во целата оваа папазјанија од македонски медиуми. Идејата е добра и може да послужи во иднина како роул модел. Just stick to it!!!

p.s. Својот став по однос гласањето ќе го дадам понатаму кога ќе ги одредам моите критериуми за објектите.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име