Home Археологија Држава која со закон си го уништува културното наследство

Држава која со закон си го уништува културното наследство

1,057 views
1

Самите си го ораме културното наследство, па потоа се прашуваме зошто другите така умешно не дриблаат на сопствен терен.

Инвеститорот ХМС ,,Злетовица” проценил дека е подобро да има хидроситем, отколку културен идентитет. Баш ме интересира кој ја донел проценката, а следствено на тоа и одлуката да се прескокнат 33 постоечки археолошки локалитети на теренот.

Освен Дневник кој извести за ситуацијата, само уште 2 весника (1,2) недефинирано се изјаснија околу случајов. Ама тоа е повеќе колку да бидат регистрирани дека нешто пишале, оти се знае дека кај нас барем засега ,,истражувачкото новинарство” е доволно мртво како и субјектите кои се предмет на моето истражување.

Во оваа меѓу фаза додека веројатно се разгледува ситуацијата, само ќе ви го посочам истоветниот случајот во Бугарија минатата година, за кој нивната Влада не изреагира се додека не беше уништено едно Неолитско светилиште.

И покрај тоа што ова лето таму имало ископувања, а археолозите имале договор на хартија дека магистралата Тракија треба да минува покрај локалитетот, тој сепак е срамнет со булдожер. Љубимец, кој се смета дека битисувал околу 4500 год. п.н.е. според наодите укажува дека на него се правеле некои ритуали во пронајдените јами.

Линк до мојот пост:

Срамнето неолитско светилиште во Бугарија, со булдожер

Како Бугарите пристапија да го решаваат својот случај кога исто така беа уништени неповратно 30 археолошки локалитети. Прво притисокот од медиумите беше огромен, за подоцна Агенция “Пътища” беше дадена на суд. А еве и извадок од Седумдесет и втората седница на Бугарскиот Парламент како се дискутира на таа тема.

Држава која со закон си го уништува културното наследство

Бидејќи археолозите немаат никаков медиум во моментов преку кој би можеле да делуваат во јавноста, останува мојот блог како место на кое ќе бидат запишани настаните хронолошки и историографски по својот редослед на случувања.

За прв пат по толку години ми е мило што не пишувам за некој Л/Д ориентиран весник. Имам медиум кој е почитан ако не од некои дневни, тогаш сигурно од повеќе неделни или месечни весници и списанија заедно и таа тенденција секој месец расте со геометриска прогресија.

Постои еден дел од изјвата на мојот колега М-р. Трајче Нацев, со која тој опоменува дека однесувањето на сторителите на ова дело се коси со член 74, став 3 од Законот за Културно наследство на Република Македонија.

Подготвивме програми за заштитни археолошки истражувања за теренот низ кој минува цевководот, но инвеститорот, ХМС „Злетовица“, не ги почитува. Поради тоа, евидентираниот локалитет кај Стар Караорман е оштетен во должина од 200 и широчина од 1 метар, колку што зафаќа ископаниот канал.

Сега кога веќе се знае, нема премолчување, туку соочување со ситуацијата. Бидејќи секое премолчување на законот значи и негово непочитување. Или значи почитување, но не за заштита, туку за уништување на културното наследство.


п.s. Првиот пост кој го напишав за овој случај насловен како Се уништуваат 33 Археолошки локалитети на 57 км – Државата молчи, беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот ribaro. За статијата можете да гласате тука. Написот е се уште еден од најчитаните и најгласаните.

1 COMMENT

  1. […] 33 Археолошки локалитети на 57 км – Државата молчи Држава која со закон си го уништува културното наследс… Како Славе може лесно да стане Славјанка – осврт кон […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here