Дома Археологија Се уништуваат 33 Археолошки локалитети на 57 км – Државата молчи

Се уништуваат 33 Археолошки локалитети на 57 км – Државата молчи

2,247 views
3

 

Подготвивме програми за заштитни археолошки истражувања за теренот низ кој минува цевководот, но инвеститорот, ХМС „Злетовица“, не ги почитува. Поради тоа, евидентираниот локалитет кај Стар Караорман е оштетен во должина од 200 и широчина од 1 метар, колку што зафаќа ископаниот канал.

Линк до веста

Ќе се освести ли некогаш оваа држава или ќе треба да донесеме некој диктатор однадвор да не освежи и да не научи како треба да се однесуваме кон сопственото културно наследство.

Не е прв пат, ниту ќе биде последен некоја од градежните фирми ширум Македонија да налета на археолошки локалитети. Би рекла дека почеста е реакцијата кога тие ги прикриваат за да можат да продолжат со своите работи, оти ако ги пријават се знае дека нивната работа ќе биде стопирана во временски интервал колку што им е потребен на археолозите за го истражат (и заштитат) делот кој ќе биде уништен.

Еден локалитет од триесет и трите регистрирани при изградбата на цевководот за хидромелиоративниот систем „Злетовица“кај штипската приградска населба Стар Караорман е веќе уништен. И сега што да правиме. Да седиме и да гледаме како државата не реагира и пред нашите очи засекогаш се уништуваат уште 32 локалитети кои сведочат за присуството на луѓе на ова мало парче земја.

За разлика од нас еве како тоа го имаат решено Словеницте и Хрватите во рамките на свoите проекти за патиштата и следствено на тоа ги објавуваат своите резултати на интернет и во публикации.

Дали луѓето кои ја раководат оваа држава се свесни какви реакции ќе предизвика оваа информација доколку се пласира на англиски и каква грда слика ќе даде за Република Македонија vs. заштитата на културното наследство. Толку се трудиме да влеземе во предворјето на ЕУ, што понекогаш подзабораваме какво богатство имаме во споствениот двор.

п.с. а, да ова е само моја првична реакција. Уште не сум се ,,расонила” од шоков. А богами не сум го отворила и Законот за културно наследство.


Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот ribaro. За статијата можете да гласате тука.

Претходни текстовиЧатал Х(ј)ујук на Flickr
Следни текстовиАнаграм
Здраво. Моето име е Василка Димитровска, магистер по археологија, директор на ХАЕМУС, консултант, менаџер на наследство и сертифициран интерпретатор. Читаш оригинални текстови на мојот личен веб сајт. Ти благодарам и го ценам твоето време посветено на моите белешки.

3 КОМЕНТАРИ

  1. […] на трасата на која беше предвидено да минува цевководот од ХС „Злетовица“ за Штип и Свети Николе. Уште веднаш локалитетот Грнчарица кај селото […]

  2. […] Се уништуваат 33 Археолошки локалитети на 57 км – Држават… Држава која со закон си го уништува културното наследство Како Славе може лесно да стане Славјанка – осврт кон скелетните остатоци од локалитетот Грнчарица […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име