13th July 2007

Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале

posted in Археологија, Медиуми |

 

Ископувањата на Скопското Кале започнаа на 14-Мај-2007. Јас во тоа време бев во Словенија и се приклучив две недели по старот на едно од најголемите археолошки истражувања било кога направени на територијата на Република Македонија. Уште на стартот покрај тоа што e ова open public ископување, се постави и прашањето за web страница каде сите заинтересирани навремено ќе бидат известувани за текот на истражувањата и публикувањето на некои одредени наоди. Иако тоа би загрозило дал од авторските права на истражувачите, сепак постојат повисоки цели во животот, а тоа е јавноста да биде навремено известена за сите откритија кои при тоа се случуваат.


Момент од пронаоѓањето на пехарот во Сектор 3

За археологијата во Македонија имам напишано многу и секако дека ќе продолжам понатаму. Како директен учесник во ова ископување и соработник на дел од web страницата, можам да напишам текст кој би бил илјада пати подобар од најдобриот новинарски текст. Сепак одбрав дека е подобро јавноста да биде известена преку релевантни извори како што се медиумите и секако преку официјалниот web site за Скопско кале. Страницата беше пуштена во оптек уште многу одамна, по само два месеца ископување, но од горенаведените причини одбрав да ја постирам дури сега.

Енеолитската куќа и наоди од праисторијата
Сектор 7

После Вардарски рид ова е веројатно единствено ископување во Македонија кое за неговото времетраење се здобило со сопствена интернет страница која се третира како афирмативен прилог на археологијата. Јас и моите колеги во моментов со сопствени раце го копаме културното наследство на Македонија правејќи ја археолошката слика на една земја во сегашноста, за да послужи како основа за колективна меморија на идните генерации.И ви благодарам на сите вас кои ме читате, за интересот кој го покажувате.

Линк: http://skopskokale.com.mk

Bookmark and Share

There is currently one response to “Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On June 12th, 2008, Идентитетот на Синтезис бесплатно на Скопското Кале » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] на Скопското кале (или турбо фолк национализам) Пуштена web страницата за ископувањата на Скопско Кале Скопско кале – галерија на наоди – И предметите [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes