Home Придонеси на Википедија Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа ...

Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учителската школа и (повторно) хакнат текст на Шпиц

1,581 views
3

 

Одамна го сработив на Македонската Википедија написот за Старата учителска школа во Скопје.

,,Инаку текстот за Учителската школа е намерно пропратен со интернет досие (кое е хронолошки уредено), за да може да се прати и на некој начин убрза целиот тој процес околу ,,божемната” реставрација која трае со години.”

Мој коментар на Блогот на Волан

Во обидот за придонес целата ситуација околу Порталот да тргне на позитивно, на статијата на Википедија поставив Интернет досие кое хронолошки се обидува да ја долови временската процедура околу заштита и навремена конзервација vs. неговото пропаѓање. Во написите од новините се гледаат ,,напорите” на градоначалникот на општина Центар – Виолета Аларова да обезбеди средства за таа намена, а кои обиди благо кажано траат ,,само 5 години”.

Портата се уште не е завршена, а веќе читам напис во Шпиц дека постои иницијатива да се постави Параклис на Св Константин и Елена во ГТЦ, но само во форма на споменик. Црквата СВ. Елена и Константин, чии темели сега ги газиме, е невозможно да се обнови на оригиналното место, бидејќи се наоѓала под денешниот ГТЦ.

Колку што можам да забележам од моето скромно познавање на блогосверата, за црквата Св Елена и Константин сум пишувала јас, нешто Историчарот и најмногу, најпрецизно и најопширно – Волан (1,2,3,4,5,6,7). Ова што го прочитав во Шпиц ми се причини како сублимација на малку хакнат текст од страна на новинарката, малку иницијатива за еден иден настан, за чие залагање од страна на градоначалникот на општина Центар се надевам дека придонела и блогосверата како инспирација. Навистина, ја поддржувам идејата за параклисот на Св. Константин и Елена (не баш до крај на посочената локација), но она што останува да ме чуди е, како може пред да се заврши една, да се почнува друга работа?

3 COMMENTS

  1. […] град – Iustiniana Prima ” ? Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia Параклисот на Св Константин и Елена vs. Порталот на Учит… Метаморфозите на Скопското Кале Серијал: Аквадуктот […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here