Home Интернет Уапсен блогер поради фискална сметка која не постои

Уапсен блогер поради фискална сметка која не постои

715 views
0

 

Во автобусот број 5 на ЈСП-Скопје возачите не даваат фискални сметки за билетите што ги продаваат, па решив да се возам без билет. Контролата дојде побара билет, јас немав и одлучија да ме казнат 200 денари. Извадив 500 денари за да платам казна, арно ама и контролорите не издаваа фискални сметки па одлучив да не ја платам казната. Контролорите ми побараа лична карта, јас одбив да им дадам бидејќи тие немаат право да ме легитимираат. Викнаа полиција и полицаецот ми побара лична карта. Јас побарав од полицаецот прво тој да се легитимира. ПОЛИЦАЕЦОТ ОДБИ ДА СЕ ЛЕГИТИМИРА!!! Ме одведоа во полициската станица во Ново Лисиче и таму добија информации за мене.

за повеќе кај Психологот


за неплаќањето на услуга без да ви дадат фискална сметка, според новиот Закон за регистрирање на готовински плаќања тука


Не само што е ова грубо кршење на законот, туку како може неовластено лице да ти побара да те легитимира? И со кое право контролор во автобус ќе ти бара лична карта? А овластено лице како полицаец одбива да ти ја покаже?

Што е полицијава? Вооружена сила за учествување во настани. Важно е да се учествува, небитно кога, каде и поради што. Ова треба да се пушти до сите медимуи, и до сите институции кои се задолжени за кршење на човековите права.

Што е најтрагично, на телевизиите постојано оди рекламата за фискалните сметки, а дури и ако платиш, не ти дадат сметка, а те проверат…следува друга казна…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here