Home Медиуми Весникот Вест ,,се богати” со празни рубрики

Весникот Вест ,,се богати” со празни рубрики

754 views
0
Весникот Вест го имам споменувано поради неколку работи, но најмногу поради небрежен однос кон категоријата култура

Покрај тоа што имаат новинари чиј степен на едуцираност (како во секоја високо развиена земја) е на незадоволувачко ниво, веќе е крајно видливо дека нешто не штима со уредувачката политика на овој весник.

Да се има медиум преку кој луѓето може да се информираат и да се едуцираат, не е мала работа. Ама на луѓето исто им е дадена одредена можност на избор од страна на весникот Вест која гласи:

,,Пет дена во неделата работи, а шестиот и седмиот ќе ти дозволиме да бидеш лишен од информациите за културата”.

Замислете… во Вест увиделе дека на нас културното ниво не ни е дораснато на егзистенционалното, и како што пред некое време кажа Макондо – цензурата (во сите нејзини форми) е всушност најефикасниот маркетинг.

Се прашувам колку ли само се збогатил Вест, од празните рубрики.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here